Баба му ја ловат новинари, Кина го сака за ОИ, домејн со неговото име се продава за милиони $

Џереми Лин го обожуваат во Кина и Тајван, каде народот сака вистински херој во време на лажни идоли. - Лин во пролетта минатата година посетил средно училиште во кинескиот град Пинџоу, од каде се неговите предци.

Феноменот Џереми Лин за само десет дена од неговото „раѓање“ стана најголема не само спортска приказна на годината која е на почеток.

Иако оваа година во спортот не очекуваат Олимписки игри, фудбалско Европско првенство, а светот е сред закана на војна меѓу Иран и Израел, криза во еврозоната и којзнае која „најлоша рецесиска година до сега“, има и попаметна работа од воодушевување на „некој Кинез кој одиграл пет добри натпревари во НБА“.

Но,  токму неговиот случај уште еднаш покажа дека нема подобар бизнис од спортскиот, како и тоа колку е добро за некоја приказна ако почне да се шири од Америка, а уште повеќе од Њујорк. Бидејќи „if can make it there, than he'll make it anywhere“ (ако може таму, тогаш ќе може каде било).

Малиот мора да е генијалец: Дете од Азија и Америка

На пример, во Кина и Тајван, бидејќи нема да сретнеш посреќен брак од тој меѓу забавната индустрија  и најголемиот пазар, а Џереми Лин (23) со кинеско име Лин Шухао е токму тоа – прва генерација доселеник во Калифорнија, кој се гордее со тајванското потекло, но и харвардската диплома. Во Никси заработува „никакви“ 600.000 долари по сезона.

Хистеријата која ја тресе Америка поради неговиот метеорски успех, каде веќе и службено го викаат „Линсанити“ се префрли и преку Пацификот, во земјата на неговите претци, како и во соседна Кина, каде по интерконтиненталната епидемија која се прошири по само осум негови одлично одиграни натпревари, го нарекуваат „Лифенгкуанг“.

Сите сакаат парче од Лин – го развлекуваат на двете страна на Тајванскиот Теснец

Џереми службено од тајванските медиуми побарал да престанат да ги малтретираат неговите роднини: „Тие буквално не можат да излезат од дома, а да не ги нападнат или да не ги следат. Од вас барам да ја почитувате нивната приватност. Пред неколку дена мојата баба и вујко наутро пред куќата на периферијата на Тајпеј затекнале толку многу новинари како кампуваат, па побегнале во нашето село на југот на островот. Меѓутоа, новинарите ги следеле се до таму!“.

Ксинхуа, кинеската државна новинска агенција, „даде релаксирачка доза“ на прилично затегнатите односи меѓу Кина и Тајван, бидејќи азискиот колос азиското тигре го смета само за свое отцепено островче:

„Прекрасните игри кои Лин Сухао ги покажува, предизвикаа неброени повици кои стануваат се погласни и погласни: Лин, треба да земеш кинеско државјанство и да настапиш за Кина на Олимписките игри ова лето во Лондон. Со овие повици сакаат Лин Сухао да се одлучи да ја искористи приликата која му се нуди“.

Кина бара од Лин да „ја прегрне Кина“, но не сака да гледа како се заблагодарува на Исус додека во публиката се вее тајванско знаме

Додека Лин не одговори „на неброените апели да ја прегрне Кина“, остануваат да се решат уште некои ситници: Неговите роднини отворено повторуваат дека тие се горди Тајванци, што секако на копно преку граница не наидува на одобрување.

Исто така, на пат да стане наследник на Јао Минг, стои и тоа што Лин не крие дека е христијанин, кој на вообичаени натпревари се заблагодарува на „Богот и спасител Исус Христос“. Комунистичка и атеистичка Кина не трпи такви испади.

Кинеската државна телевизија ЦЦТВ, која само таа има право на преноси на НБА натпревари, наспроти илјадници барања, сеуште во програмата ги нема дополнителните натпревари на Лин од Њујорк Кникс. Официјалното објаснување е дека не го прават тоа поради временската разлика.

Тие кои не се на партиска линија, веруваат дека причината што на гледачите не сакаат да понудат сцени со Лин е бидејќи тој се заблагодарува на Исус, додека во публиката победнички се вее знаме на непријателската Тајван.

Најбрзо растечки светски бренд

Практичните деловни луѓе не ги интересираат идеолошките поделби и традиционалното непријателство: Интернет домеjнoт www.linshuhao.com во понеделникот беше ставен на аукција преку кинеска е-маил адреса.

Продавачот тврди дека Лин е „Најбрзо растечки светски бренд“, поради што „страницата која го носи неговото кинеско име вреди 14 милиони долари“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...