Не сум јас тој кој треба да го запали олимпискиот пламен

Ѕвездата на англискиот фудбал и поранешен репрезентативец на Англија, Дејвид Бакам самиот се елиминира од можноста да го запали олимпискиот пламен на главниот стадион во Лондон на церемонијалот на свеченото отворање на Олимпијадата на 27 јули.

- Не сум јас човекот кој треба да го запали огнот, изјави Бекам, оценувајќи дека тоа теба да биде некој од поранешните британски олимпијци, кои освоиле златни медали.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, Бекам изјави дека е разочаран што не се најде во олимписката фудбалска репрезентација на Велика Британија за Игрите, иако тоа го оцекуваше британската фудбалска и спортска јавност.

Неговиот настап на олимпискиот турнир ќе беше заокружување на неговата долга и богата фудбалска кариера и своевидна награда за неговиот голем придонес при изборот на Лондон за домаќин на годинешнава Олимпијада.

Официјалното објаснување на стручниот штаб на репрезентацијата е дека Бекам не е во составот „само од фудбалски причини“. Предност при изборот им е дадена на други тројца постари фудбалери кои играат во Премиер лигата, затоа што олимписката репрезентација ја сочинуваат само млади играчи и има место само за тројца повозрасни.

Изјавата на Бекам доаѓа по реакцијата на претседателот на Организацискиот комитет на Олимписките игри, лорд Коу дека „има три места на кои ќе се определи Бекам, како знак за признание на неговиот голем учинок за популаризација на лондонската кандидатура за Олимпијадата и за изборот на Лондон“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1942.- Во месноста Долец, во Болнската Планина...
1981.- Во Милано умре Еуџенио Монтале,...
1986.- Во Скопје умре Драгутин Аврамовски-Гуте,...
1996.- Умре Тома Прошев, македонски композитор....