Победа за Металург и пораз за Вардар Про во Сеха лигата

Македонските претставници во СЕХА лигата, Металург и Вардар Про кои вечерва настапија на домашен терен во 5. коло имаа половичен успех.

Ракометарите на Металург со убедливи 32:19 го совладаа црногорскиот претставник Ловќен. Предводници во победата на тимот од Автокоманда беа Наумче Мојсоски со 6 и Златко Мојсоски и Миладин Козлина со по 5 голови.

За разлика од Металург, бранителот на титулата во ова натпреварување, Вардар Про во СРЦ Кале загуби од словачкиот тим Татран Прешов со 33:29. За „црвено – црните“ ова беше прв сезонски пораз, а за позитивен резултат не помогнаа ниту 9-те голови што ги постигна вечерва најефикасниот вардарец Филип Лазаров.

На другите натпревари од ова коло постигнати беа следниве резултати: Нексе – Брест Мешков 36:27, Извиѓач – Слога 33:26 и Борац БЛ – Загреб КО 26:35.

Табела: Нексе 12 бода (5 натпревари), Вардар Про 10 (5), Загреб КО 10 (4), Татран Прешов 9 (4), Металург 9 (5), Ловќен 7 (4), Брест Мешков 6 (5), Извиѓач 6 (5), Борац БЛ 1 (5), Слога 0 (5).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...