Може ли Металург до сензација?

е уште не можат да се избришат од меморијата разочараните 7000 гледачи и озарените лица на петнаесетина полски навивачи од неделниот натпревар во "Борис Трајковски". Виве Тарги Киелце ја прекина бајката во која живееја и Металург и македонските ракометни фанови по четирите стартни победи во Лигата на шампионите.

Нема сомнение дека сите играчи би дале се за Киелце да плати за будењето од убавиот сон. Шанса ќе имаат веќе в сабота, на теренот на противнкот, пред полна сала обоена во жолто која ќе сака продолжување на нивната бајка. А таа и така трае една недела подолго од македонската. Исто како и Металург, и полските фанови го слават најдоброто постигнување на нивна екипа во Лигата на шампионите. Со можност да ја подобрат на 6 од 6, а за тоа иако ќе го имаат домашниот терен, ќе го имаат и најтешкиот противник во групата од ЛШ.

Анализиран е минатонеделниот меч до најситен детаљ. Што ќе биде извлечено како поука? Тоа најдобро го знае Лино Червар. Единственото што од страна можеме да го смислиме или посакаме, а да не биде плеткање во неговата стратегија е сите металургови играчи да одиграат најдобро што можат. Сите шеснаесет. Само така може да се победи Киелце, посебно на нивни терен.

Тоа што деновиве можевме да го прочитаме по полските весници и официјалната страница на Киелце се сведува на повици од сите интервјуирани играчи да се задржи концентрацијата. Се споменуваа ланските "киксови" со Висла, губењето на титулата итн. Киелце во Скопје одигра одлична партија и Вента докажа дека ангажманот на играчи од балканските простори е исправен потег. Низ Европа балканските играчи имаат имиџ на ракометари кои имаат карактер и знаат да играат на гости. Веројатно целиот хаос во кој се игра ракометот на овие простори, лошата организација и гостувањата на запаливи терени произведуваат друг тип на играчи. Тоа му се врати како благодет на Киелце затоа што Чупиќ и Муса беа неговите клучни играчи и го држеа тимот над површината кога им беше тешко.

Сега е редот на Металург, кој во целост е составен од поинаков тип борци, да покаже како е да се игра на гости. Секако, амбиентот во Киелце ни оддалеку нема да биде како во "Кале" на пример. И можеби токму дербито ќе се покаже како најдобра психолошка подготовка за саботната пресметка со Киелце.

На мечот од Скопје, кој е основа за сите претпоставки за наредната пресметка, можевме да видиме гранитна одбрана на полскиот тим, подготвена токму за најсигурната игра на Металург. Тоа се пробивите на Мојсоски и Миркуловски. Не беа подготвени за Вугринец, но сега ќе обрнат внимание и на него. Или можеби ќе остават мечот да се игра по слично сценарио, со тоа што тие би го контролирале резултатот. Металург од друга страна, веројатно ќе треба да се откаже од идејата да пробива низ средината каде што Муса, Лијевски ги држат сите конци в рака и да се обиде да биде побрз и да ја рашири нивната зона.

Без Козлина ќе има нови моменти и во напад и во одбрана, како тоа ќе функционира, секако ќе бидеме во можност да видиме. На крајот, фактор кој ќе одлучува одново ќе бидат Наумче Мојсоски и Дарко Станиќ. Ако тие двајца имаат свој ден, тогаш Металург има шанса за сензација, ако немаат - тогаш нема. Имаше дополнителна една недела целосно да заздрави и да се врати во ритам. Но, да не ги заборавиме Додер и Батиновиќ. Посебно Додер, кој може да биде вистинско изненадување за Полјаците, или, пак, Аце Јоновски доколку добие шанса да шутира.

Пристапот на Металург и тој на Киелце може да одреди каков ќе биде мечот. Во Металург се работи на ментална подготовка да се игра на победа. Од Киелце тоа се очекува без да се каже и ако мечот не се одвива како треба, ќе им стане дополнителен притисок.

Славомир Шмал може да биде одново голем проблем и единствено по тоа прашање е да се надеваме дека нема да има ден каков што имаше во Скопје. Од друга страна, Станиќ треба да ја разбие самодовербата која ја изгради Иван Чупиќ по 100-процентната реализација од игра која ја имаше во Скопје. Играч кој не се виде во Скопје беше Мануел Штрлек и на него мора да се внимава како на џокер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...