Исланд – прв европски противник на Македонија

Македонската ракометна репрезентација, вечерва во рамките на 3.коло од Б групата на СП во Шпанија, во Севиља од 18 часот ќе игра против селекцијата на Исланд. Тоа е првиот ривал за нашите ракометари од европските селекции, а воедно репрезентација која на Олимписките игри во Лондон го освои 5.место.

За Исланд ова е 17 учество на Светските првенства, а најдобар пласман имаа на шампионатот 1997 година кога го освоија 5.место. Две години претходно Исланѓаните беа домаќини на Светско првенство.

Во составот на Исланд најголемиот дел од играчите играат во Бундес лигата, а Арон Палмарсон ланската година го доби признанието – спортист на Исланд.

На овој шампионат денешниот противник на „црвено-жолтите“ избори пласман со двете победи во баражот против Холандија (32:24 и 41:27).

Во меѓусебните дуели Исланд има 8 победи, а Македонија 2. Во баражот за СП 2009 година во Хрватска, Македонија го елиминираше Исланд и тоа им е единственото пропуштено Светско првенство од 1986 година.

Од големите натпреварувања Исланд има освоено еден сребрен и еден бронзен медал – 2008 година на Олимписките игри во Пекинг (сребро) и 2010 на Европското првенство во Австрија (бронза).

Поради повреда на шампионатот не настапува Александар Петерсон, додека репрезентативната кариера ја заврши Олафур Стефансон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...