Девет репрезентации досега преку квалификаците имаат обезбедено место и пласман на Европското првенство во Данска 2014 година. По одигрувањето на денешниот дуел Босна и Херцеговина - Австрија (последен од 5.коло) може да се случи оваа бројка да биде зголемена.
Сигурни учесници на ЕП се: Шпанија (група 1), Црна Гора (група 2), Франција и Норвешка (група 3), Хрватска и Унгарија (група 4), Полска и Шведска (група 5), Исланд (група 6).
Пласман има обезбедено домаќинот и европски шампион Данска.
Во групата 1 во директен дуел ќе решаваат Македонија и Португалија.
Во групата 2 на Чешка и е доволен еден бод дома со Црна Гора, да ја елиминира Германија.
Во директен дуел Словенија во групата 5 треба да ја победи Белорусија на свој терен.
И во групата 7 трите првопласирани селекции имаат шанса.
Резултати и табели по натпреварите од 5.коло.
Група 1: Швајцарија – Македонија 22:27 и Португалија – Шпанија 23:30.
Табела: Шпанија 10 бодови, Португалија 5, Македонија 4, Швајцарија 1.
Група 2: Израел – Чешка 24:30 и Црна Гора – Германија 27:25.
Табела: Црна Гора 8 бодови, Чешка 6, Германија 4, Израел 2.
Група 3: Литванија – Франција 23:25 и Турција - Норвешка 20:32.
Табела: Франција 10, Норвешка 6, Литванија 2, Турција 2.
Група 4: Летонија – Унгарија 25:25 и Словачка – Хрватска 21:32.
Табела: Хрватска 8, Унгарија 7, Летонија 3, Словачка 2.
Група 5: Украина – Шведска 21:34 и Холандија – Полска 23:30.
Табела: Полска 8, Шведска 8, Холандија 2, Украина 2.
Група 6: Белорусија – Исланд 29:23 и Романија – Словенија 22:31.
Табела: Исланд 8, Белорусија 7, Словенија 5, Романија 0.
Група 7: Русија – Србија 28:29 и БиХ – Австрија (денеска).
Табела: Србија 7, Русија 6, Австрија 5, БиХ 0.