Охридската „Бафало Бич“ ќе ги собере одбојкарите од Европа по седми пат

Седмиот по ред турнир во одбојка на песок - Отворено првенство на Македонија Beachvolleyball 2013 ќе се одржи од 24 до 28 јули година на плажата „Бафало Бич“ во Охрид.

Турнирот во одбојка на песок е популарен летен спортски настан кој вклучува спорт, атракција, забава и рекреација. Ќе учествуваат одбојкари од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово, како и од други европски земји.

Организатор е Клубот за одбојка на песок БВБ Македонија, О3 - евент менаџмент во соработка со Одбојкарската Федерација на Македонија и Општина Охрид.

Целта на натпреварите во одбојка на песок е преку спорт, забава и рекреација да се анимираат и поттикнат младите на спорт, добро дружење и натпреварување со професионалните играчи и репрезентативци. Преку овој проект треба да произлезат, идни професионални одбојкари на плажа кои би ја претставувале Македонија на меѓународно ниво.

На досегашните туринири во одбојка во текот на изминатите шест лета учествувале повеќе од 500 екипи со 1.000 натпреварувачи, а се одржаа повеќе од 1.500 натпревари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...