Утре почнува 41. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“

На ракометното игралиште „Женска плажа“ во Струга утре почнува 41. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“.

Покрај домаќинот Струга, на 41. издание на турнирот ќе учествуваат македонските екипи Металург и Вардар, белорускиот Брест Мешков, романска Констанца и француските Иври и Версај.

Натпреварите ќе се играат во вечерните часови. Според утврдениот календар традиционалниот турнир ќе почне во 18 часот и 30 минути со дуелот меѓу минатогодишниот победник Металург и домаќинот Струга. По свеченото отварање најавено во 19 часот и 45 минути следува натпреварот меѓу Вардар и Констанца, а од 22 часот силите ќе ги одмерат Брест Мешков и Версај.

Следниот ден ќе се одиграат натпреварите меѓу Иври - Констанца (18:45 часот), Металург – Брест Мешков (20:30 часот) и Струга – Версај (22 часот). Во петок, на 16 август ќе играат екипите на Вардар – Иври (18:45), Металург – Версај (20:30) и Струга – Брест Мешков (22:00).

Последниот ден од турнирот се предвидени натпреварите за пласман. Финалниот натпревар е закажан за сабота во 21 часот.

Струшкиот ракометен турнир е една од најзначајниот македонски спортски манифестации, која според најавите на организаторите, во иднина треба да прерасне во еден од најсилните клупски собири во Европа. За следната сезона се планира учество и на хрватскиот шампион Загреб КО, како и на по една екипа од Германија и од Унгарија со што турнирот во Струга би добил крајно квалитетен европски изглед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...