Без Станиќ и Миркуловски во Подгорица

Воведниот натпревар од исклучително богатиот ракометен викенд на програмата е денеска. Металург во рамките на второто коло на СЕХА гостува во Подгорица Богатиот ракометен викенд ќе ја има својата увертира денеска со натпреварот меѓу Ловќен и Металург што ќе се игра во Подгорица. Во продолжение, во неработните денови ќе следат натпреварите на Вардар СЦБТ во квалификациите за ЛШ, дуелот на Вардар со Партизан во СЕХА и стартот на македонската Супер-лига.

Металург е одново на сцена, на дуел од кој очекуваме три бода за тимот од „Автокоманда“. Лино Червар за овој меч, последниот подготвителен пред премиерата во ЛШ, следната сабота со Вакер Тун во Швајцарија, не ги зема со себе Дарко Станиќ и Филип Миркуловски. Српскиот чувар на мрежата ја нема целосно санирано повредата на грбот што го мачи речиси цел месец, а и Миркуловски има исто така проблем со повреда (оток на коленото), па за да избегне каков било ризик пред ЛШ и тој си остана во Скопје. Ракометарите што го пропуштија натпреварот со Вардар од првото коло ги санираа повредите и заминаа на пат за Ц. Гора. Таму ќе бидат Вугринец, Мојсоски, Димовски, браќата Маркоски. Патот на „металурзите“ до црногорската престолнина е искомплициран. Поради блокираните граници со Косово, екипата место на север, мораше прво да тргне на југ, па преку Струга и Албанија (Ќафасан) замина за Подгорица и ќе се вози неколку часа подолго.

Ловќен, црногорскиот претставник, лани имаше одлична сезона во која освен Металург ниту еден друг фаворит не славеше во нивната сала. Токму таа карактеристика, да играат добро дома, а лошо на гости ги красеше низ целата сезона, за на крај помалку нереално да се надеваат и на фајнал фор. Сепак, на премиерата во новата сезона, иако на домашен терен, нема да играат во својот бастион. Нивната сала не исполнува услови и додека не се реновира според барањата на Лигата, ќе играат таму каде што ќе одреди СЕХА, а во случајот со Металург, тоа ќе биде најпознатата црногорска сала „Морача“.

Дека подгоричаните, пак, ќе навалат да ја гледаат екипата од Цетиње и не е за очекување, па Ловќен ќе ја нема поддршката од трибините која очигледно многу му значи. Играчки сезонава се ослабени, а за нив оваа средба е и подготвителна. Одат на два натпревари (16 и 17 септември) во Израел, во рамките на ЕХФ Куп и, веројатно, ќе внимаваат во дуелите. Ако пак, победат во Израел, за противник во ЕХФ ќе го добијат Зомимак М од Струмица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...