Металург пред важен дуел со Динамо Минск

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург во недела во СЦ „Борис Трајковски“ го игра натпреварот од 4.коло од Лигата на шампионите. Во Скопје доаѓа првакот на Белорусија Динамо Минск, тим кој по три кола има две победи на домашен терен (Вардар и Вакер Тун). Ист број на бодови четири има и Металург.

За неделниот противник тренерот на Металург, Лино Червар на денешната прес конференција изјави дека не смее да се повторат грешките од Барселона и треба да извлече поука од тој пораз.

-Динамо Минск има квалитетен состав, со две „тројки“ на бековската линија и со опасни крила, кои мораме да ги запреме и да внимаваме на нивната транцизија. Имаат истотака и квалитетен голман. Во секој случај тоа е состав , каде во стартните седум, шест им се странци, истакна Червар.

Репрезентативното крило на Македонија, Дејан Манасков поради повредата ги пропушти ланските два натпревара од осминафиналето, кои Металург ги доби (26:23 во Минск и 24:22 во Скопје).

 

- Ова е важен дуел за нас во овој дел од сезоната. Динамо не е истиот состав, кој лани ни беше противник. Мислам дека тие имаат проблем со воиграноста. Во секој случај особено ние крилата ќе треба да внимаваме на нивните крила и да не им дозволиме да даваат голови. Се ќе се решава во одбраната и се надевам на наша победа, рече Манасков.

Гостите од Белорусија во сабота со чартер ќе допатуваат во Скопје. Истиот ден ќе тренираат во СЦ „Борис Трајковски“, а во недела на денот на натпреварот ќе имаат тренинг во салата „Автокоманда“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...