Металург по бодови за Топ 16

Најсилните и најскапите минаа низ Скопје и оставија бодови. Следи дуел со не многу звучен, но многу опасен противник -. Динамо Минск

Формата на Металург осцилираше на стартот на Лигата на шампионите. Одигра една просечна партија во Тун, фантастична во Скопје и катастрофална во Барселона.

Сега одново е на ред Скопје, првите три загревачки кола се зад нас, секое наредно е директна битка за пласман во Топ 16. Динамо Минск е следниот противник на Металург. Белорусите во недела во Скопје доаѓаат со мото дека нема што да загубат, а можат многу да добијат. Дополнителна самодоверба веројатно им дава и победата над лани второпласираниот СКА Минск (34:25), победите над Вардар и Вакер, желбата да се реваншираат за ланската елиминација и подвлечено во недела во „Борис Трајковски“ доаѓа инспириран противник со кого нема да биде лесно да се излезе на крај.

Металург во меѓувреме треба да се избори со своите ветерници за да биде тоа штоод него ќе очекуваат 7000 гледачи во сала и голем број пред тв-приемниците.

Динамо Минск веќе еднаш го претставуваме пред дуелот со Вардар и веројатно доволно им е познат на македонските фанови. Направија големи промени во тимот што лани играше во Топ 16. Три клучни се заминувањата на Атман и Онифриенко од бековската линија и Бебешко од клупата. Заминаа и Мијатовиќ, Шеваљевиќ итн.

Слично како и домашниот ривал БГК Мешков сега силите ги темелат на играчи од Балканот. Го доведоа селекторот на Словенија, Борис Дениќ за тренер, а тој со себе ги доведе Миклавчиќ, Бундало, Бомбач, Доборац, од Чеховски медведи го доведоа Шељменко, но од тоа што го видовме на натпреварите со ПСЖ, Вакер и Вардар, нивни прв играч е ветеранот на голот Димитрије Пејановиќ. Тој е константно најдобар во тимот, а во поле имаат избор... па така со Вардар „пресуди“ Шељменко, со Вакер таа улога ја имаше Доборац итн. Од сите набројани треба да ги споменеме и „староседелците“ Дмитри Никуленков од бековската и Дмитро Дорошчук, пикер, што пак во дефанзива е нивниот главен играч.

„Динамо игра поинаква одбрана од сите други екипи. Играат плитка 6:0, но знаат да излезат и длабоко и да играат агресивно што во некој моменти наликува и на игра „на човек“. Ние не смееме да ги повторуваме грешките што ги прававме во Барселона, затоа што Нинчевиќ и Рутенка, нивните крила вешто ја користат трансформацијата и знаат да постигнат брзи голови. Имаат доста Балкански ирачи што значи дека се екипа што знае што и како се игра овде. Ја повикувам публиката, без која немаше да го победиме ПСЖ и на овој натпревар да направи амбиент како на таа средба.

Металург добро знае како треба против Динамо. Не само што лани двапати ги победи, туку има и два играчи што до лани играа во Минск. Павел Атман нивниот главен играч и Раде Мијатовиќ, голманот што веројатно ќе го гледаме во пар со Дарко Станиќ на неделниот натпревар.

„Динамо направи многу промени, имаат одличен тим, но многу нови играчи и не верувам дека се доволно добро воиграни. Тука ја гледам нашата шанса. Нам, крилата ќе ни биде задача да ги спречиме нивните крилни да постигнуваат лесни голови и во спротивен правец ние да се обидеме да постигнуваме брзи голови“, изјави Дејан Манасков, играчот од кого многу се очекува на неделниот меч.

Средбата е закажана за во недела, Динамо Минск во Скопје доаѓа со чартер во сабота и ќе одржи два тренинга. Еден во „Борис Трајковски“, другиот во „Автокоманда“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...