Србија го победи светскиот првак Норвешка

Ракометраките на Србија успеаја во четвртфиналето синоќа да постигнат победа над светскиот првак Норешка во рамките на Светското првенство што се одржува во нивната земја. Во „Комбанк Арена“ пред околу 16.000 гледачи Србија оствари победа од 28:25 и така ја спречи Норвешка да го брани златниот медал.

Ракометарката на Вардар СЦБТ во дресот на Србија, Андреа Лекиќ постигна 4 голови, додека Марија Лојпур не влезе во игра. Србија во полуфиналето ќе игра со Полска, која со 22:21 ја совлада Франција. Во репрезентацијата на Франција ракометарките од македонскиот првак Вардар СЦБТ Алисон Пино и Сираба Дембеле постигнаа по 5 голови, додека Амадине Лејно имаше 6 одбрани.

Во четвртфиналето Бразил по продолжение ја совлада Унгарија со 33:31, додека нивни противнички во полуфиналето ќе им бидат ракометарките на Данска кои со 31:28 ја победија Германија.

Полуфиналните натпревари се играат во петок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...