Унгарија прв противник на Македонија во вториот круг

Унгарските ракометари ќе бидат првите противници на македонските репрезентативци во втората фаза од 11.от собир на најдобрите европски селекции што се одржува во Данска. Овој натпревар од организатор е најавен за в сабота со почеток во 16 часот.

И другите две средби од втората групна фаза според распоредот објавен на официјалниот сајт на шампионатот, Македонија ќе ги игра од 16 часот. Во понеделник (20 јануари) противник на избраниците на Ивица Обрван ќе биде Исланд, додека во среда (22 јануари) македонската селекција ќе игра со Шпанија.

Ова е епилогот по одигрувањето на 3.коло во А групата каде настапуваше Македонија и средбите од групата Б со која меѓусебно вкрстуваат трите првопласирани селекции.

Резултати од 3.коло и табели во А и Б групата:

А група: Македонија – Австрија 22:21 и Данска – Чешка 33:29.

Табела: Данска 6 бодови, Македонија 3, Австрија 2, Чешка 1.

Б група: Шпанија – Исланд 33:28 и Унгарија – Норвешка 26:26.

Табела: Шпанија 6 бодови, Исланд 3, Унгарија 2, Норвешка 1.

Во новоформираната група Данска и Шпанија пренесуваат по 4 бода, Македонија 2, Исланд и Унгарија по 1 и Австрија 0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...