Хрватска последен полуфиналист на ЕП во Данска

Хрватска е последната репрезентација која обезбеди пласман во полуфиналето на Европското ракометно првенство што се одржува во Данска.

Во последниот натпревар од четврт-финалната група 2 одигран вечерва во Архус, ракометарите на Хрватска славеа победа со 31:28 во дуелот против Полска и го освоија второто место во оваа конкуренција, а со тоа и обезбедија место меѓу четирите најдобри селекции на шампионатот кои ќе разигруваат за медал.

Комплетни табели по завршувањето на втората (четвртфинална) фаза на првенството:

Група 1: Данска 10 бодови, Шпанија 8, Исланд 5, Унгарија 3, Македонија 2 и Австрија 2.

Група 2: Франција 8 бодови, Хрватска 8, Полска 6, Шведска 6, Русија 2 и Белорусија 0.

Утре е слободен ден на шампионатот, а веќе во петок на програмата се полуфиналните натпревари.

Во првиот од 18 часот и 30 минути ќе играат Франција и Шпанија, а во вториот од 21 часот Данска и Хрватска.

Во предигра на овие дуели од 16 часот ќе се игра натпреварот за 5.место на шампионатот меѓу Полска и Исланд.

Натпреварите за медал, односно 3.место и големото финале ќе се играат во недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...