Франција нов европски првак во ракомет

Франција ја победи Данска со 41:32 и ја симна од европскиот трон. „Триколорите“ доминираа во текот на целиот финален натпревар одигран вечерва во Хернинг пред околу 15 илјади гледачи.

Завршниот дуел на 11.Европско првенство кое изминативе две седмици се одржуваше во Данска беше решен уште во првото полувреме во кое Французите постигнаа дури 23 голови наспроти 16.те на домаќинот.

Гигу беше најефикасен во победничкиот состав со 10 погодоци, Порте реализира еден помалку, Абало седум пати се запиша во листата на стрелците. Голманот Омејер оствари 12 одбрани.

Кај Данска се истакна Хансен со девет голови, Линдберг даде седум, но потфрлија голамните. Ландин спречи само четири удари на противничките ракометари.

Овие две репрезентации победуваат на последните пет ЕП, а по вечерашниот исход односот е три злата за Франција, додека Данска остана на две титули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...