Уште еден историски ден за македонскиот ракомет

Големиот успех со пласманот на Металург и на Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите не остана незабележан ниту од Европската ракометна федерација (ЕХФ) која на својата веб страна вчерашниот ден го оцени како историски за македонскиот ракомет.

- Недела беше уште еден историски ден за македонскиот ракомет. За првпат две екипи се дел од четвртфиналето. Металург го елиминира Колдинг, а Вардар направи сензација против европскиот шампион Хамбург и го исполни сонот да влезе меѓу осумте најдобри, е коментарот посветен на успехот на македонските екипи.

ЕХФ пренесува и дел од изјавите на учесниците на дуелот Хамбург - Вардар.

„Најголемиот ден во мојата кариера“, вели Игор Карачиќ. „Сензационален резултат каков што никој не очекуваше“ додава Алекс Душебаев. „Нашата предност беше што бевме ослободени од било каков императив, а Хамбург имаше тежок меч во четвртокот. Можеби тоа беше одлучувачки“ е Владимир Петриќ.

Од ЕХФ ја потенцираат „тежината“ на успехот на Вардар поради тоа што македонскиот шампион настапи ослабен без најдобриот свој играч Тимур Дибиров, но и поради повредата на Стојанче Стоилов кој предвреме го заврши мечот во Хамбург.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...