Кил е преголем и пресилен

Металург загуби со високи десет гола разлика (21:31) на првиот Топ 8 натпревар со Кил и практично се збогува со шансите за фајнал фор, сензација, како и можноста оваа сезона да резултатски поуспешна од ланската. Кил е пресилен и преголем залак за Металург, а Германците и натаму остануваат со 100 настотен ефект. Ова беше деветти официјален меч на Металург со германски тим, сите ги загуби.

МАШИНАТА КИЛ

Еден од рецептите по кои Металург победуваше во Скопје е добар старт, одличен голман, еуфорија на трибините. По тоа мирна игра во која противникот сè почесто греши ... сето ова го имаше на теренот долу, но во изведба на Кил.

Средбата почна како што во 90 насто почнуваат натпреварите на Металург. Со шут на Вугринец, кој овој пат заврши со одбрана на Сјостранд. По тоа Палмарсон од прв обид покажа дека Кил е тактички подготвен за вистинска битка. По ова пенал за Вугринец, што одново заврши без гол, па вкупно 4 одбрани на Сјостранд во првите пет напади на Металург и јасно стана дека ова ќе биде меч каков што не сакаме да гледаме.

Металург накратко се врати во игра, стигна и до реми, можност и да поведе, но Кил беше на висина на задачата. Играше ни брзо ни бавно, ги користеше своите најсилни оружја, одбраната им беше без грешка.


НЕМА ПО ШТО ДА СЕ ЖАЛИ

Металург сезонава се искачи на височина од каде поглед кон местото каде што си тапка македонскиот клупски ракомет и каде довчера беше и самиот предизвикува вртоглавица.

Но, овде, на оваа височина, живеат малку поинакви „ѕверки“. Во споредба со ова „друштво“ Металург е како сенка на ѕидот, изгледа страшен и голем, но...

Не би требало да има сомнеж дека Металург во оваа за него историска сезона би можел и да го совлада Кил, барем во Скопје. Но, за да се случи тоа сите домашни ракометари мора да одиграат партија пар екселанс, публиката да биде во пеколен транс цел натпревар, гостите нешто погрешно да имаат пресметано, Сатурн да е во трета куќа на Јупитер итн, итн...

За пораз, па и двоцифрен е потребно многу малку. Изгубен мотив да кажеме по некои 20-тина минути игра.

АГРЕСИВНОСТА СИ ОСТАНА „ПО ДОМА“

Официјалниот најавувач пред пред мечот го честиташе празникот и побара помош од „горе“. Помош од тој правец не видовме, а ниту Арес, Марс и другите воинствени богови во саботата очигледно не гледаа ракомет.

Одбраната не беше ниту брза, ниту агресивна како на „мечот на сите мечеви“, тој со Барселона и (иако со ништо не останавме импресионирани од перформансот на Јиха и Сигурдсон, играчите од кои најмногу се плашевме) не можеше да ги улови и собори на земја навреме Марко Вујин, Патрик Винчек и посебно Арон Палмарсон.

Исланѓанецот ги собра сите пајажинки од ќошињата на голот на Станиќ и Мијатовиќ, а Вујин одигра една од најдобрите партии сезонава и некако исто, со шутеви кои завршуваа долу, голманово - лево, ги излудуваше чуварите на Металурговиот гол, а и зоната која го покриваше.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...