Атман ќе игра против Вардар

Металург има гол негатива пред решавачкиот натпревар со Вардар што во четврток ќе пресуди кој ќе биде шампион на Македонија годинава. Вардар в четврток ќе се обиде да ја докаже теоријата дека некогаш „еден гол е многу“, но тоа ќе треба да го направи на непријатниот терен во „Автокоманда“, против противник што намириса крв и противник што ќе биде значително засилен пред новата пресметка.

Павел Атман, еден од најдобрите ракометари на Металург, заздравува од повредата на коленото и се очекува да биде во стројот за решавачката битка.

Атман се повреди на натпреварот со Кил во Германија, се работи за истегнати задни лигаменти на коленото поради кои не можеше да игра на првиот натпревар.

„Најважно е дека Атман заздравува како што се очекуваше. Доколку нема некоја компликација, веруваме дека ќе биде на терен в четврток. Напредок има, сега е трка со времето, но веруваме дека ќе биде подготвен“, изјави Александар Петровски, асистентот на првиот тренер Лино Червар.

Металург сега е во предност пред Вардар, но далеку од тоа дека битката за шампионскиот пехар е решена. Ланскиот „Ватерло“ би требало да е доволна лекција.

„Знаевме дека првиот натпревар нема ништо да реши и иаκо ρезултатот е поволен за нас, далеκу сме од тоа деκа ја завρшивме работата. Со малκу голови на втоρата сρедба, ќе ни тρеба победа со само гол ρазлиκа“, изјави Ванчо Димовски.

Средбите меѓу Металург и Вардар вообичаено немаат многу голови, па констатацијата на Димовски е на место. На Металург, веројатно, ќе му биде потребна само победа, што, сепак, нема да биде лесно да се оствари. Посебно не во „Автокоманда“ каде што Вардар практично за првпат сезонава ќе биде и помалкуброен на трибините.

„Ни претстои голема борба. Остваривме минимална победа која беше резултат на слабата ефикасност на ракометарите во завршните минути од мечот. Ние не постигнавме гол во второто полувреме во последните шест минути. Со таква игра не може да се дојде до посакуван резултат против тим како Металург. Но, има уште еден натпревар за играње, тој во ‘Автокоманда’, каде ќе настапиме смирено, ќе ја играме нашата игра. Знам дека таму нè очекува жешка атмосфера, но верувам дека тоа нема да влијае врз конечниот резултат“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Средбата е закажана за 8 мај, со почеток од 17:45 часот. Тоа ќе биде претпоследна пресметка на Металург и Вардар, последната ја очекуваме на фајнал фор турнирот во националниот Куп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...