Имаме ракомет, немаме фер судии

Успесите во ракометот го прават горд секој љубител на спортот во оваа наша Македонија, но и секој граѓанин кој најде простор за уживање во секоја од победите на машките тимови на Вардар и Металург, но и на женскиот тим на Вардар. Нашата земја стана лидер во регионот, но и пример за Европа. Скопје е единствениот град со три тима кои настапија во елитното натпреварување на ЕХФ. Секоја чест за сите затоа што ваквите успеси не се случајни. Од речиси мртов ракомет стававме пример за сите. Но, за да се направи ваков подвиг потребни се големи финансии, моќни спонзори, но и луѓе кои со срце инвестираат во ракометот за сето тоа да има успеси, победи, полни сали...

Сепак, поентата е во нешто друго. Имаме силни екипи, моќни спонзори, полни сали... Машките брендови беа на чекор до завршницата во Келн. Металург немаше шанси со Кил, но Вардар го делеа секунди од остварувањето на големата бајка. Го делеа секунди, го запреа судиите. Истото и со ЖРК Вардар на дуелот со Будуќност каде по големата драма „црвено-црниот“ став беше јасен: „Не ни дозволија да играме ракомет“.

Значи судиите. Истите тие кои се делегирани од наш човек. Драган Начевски е комесарот на ЕХФ. Човекот кој откако ја остави свирката во мирување доби висока функција од која нашите клубови немаат никаква полза. Која е неговата сила кога неговите арбитри во пресудните моменти ги масакрираа македонските екипи? Што ако Фленсбург реагираше како Вардар? Ние ќе се подготвувавме за Келн, а тие ќе реагираа, а се знае дека враќање назад нема. Истото и за турнирот во Унгарија. Будуќност доби подарок кој го искористи со пласман во финалето, а нашите вардарки бараа утеха во „бронзата“. Која е ползата и предноста на нашите клубови со тоа што Драган Начевски ги делегира судиите? Човекот си го гледа сопственото место во ЕХФ и ништо друго. Единствениот плус е онаа за Зомимак со Архус во Струмица (срам која има рекордни 300.000 посети на Јутуб). Тоа е кога станува збор за клубовите, но истиот тој Драган можеби како успешно завршената работа за ЕХФ успеа да го стави својот внук Ѓорѓи да ја дели правдата на финалето во ЕХФ Купот во Берлин. Не можеше некој наш клуб, но затоа може внукот. Чиста работа. Сопствениот пред државниот интерес. Браво мајсторе!? Твоите судии го сопреа Вардар да игра на „Ф4“, а ЖРК Вардар во финале во Будимпешта. Не им дозволија на нашите навивачи да се радуваат на поголеми резултати кои нашите екипи според играта ги заслужија. Наш човек, а никаква помош иако има функција благодарение на тоа што во оваа држава некој дава пари за тој спорт а други ги користат таквите бенефиции. Тоа може да ни се случи само нам, на Македонците.

Вардаровиот гнев е оправдан и докажан со видеоматеријал. Самсоненко остро реагираше на сите досегашни случувања, а веќе денеска целата успешна приказна на нашиот ракомет се сведува во еден меч. Металург го пречекува Вардар. Но, не во арената “Борис Трајковски“. Големиот европски спектакл ќе се игра во маалската сала во „Автокоманда“. Тоа е низок удар од Металург кој голем дел од ракометните вљубеници ќе ги остави покрај ТВ екраните наместо во сала. Се враќаме десетина години наназад иако сега имаме прекрасна и голема сала, но и два ракометни титани кои мора да покажат и европски начин на работа. И Металург и Вардар треба да покажат дека се големи, да одиграат најдобро што знаат, а судиите кои ќе ја делат правдата денеска да докажат дека се неутрални и дека се подобри од оние европските кои ни ги делегираше Начевски на меѓународните натпревари. Треба да победи оној што е подобар на теренот, а не со некаков „ветер во грб“. Ние сме ракометна земја во која успесите во овој спорт на клупско ниво се далеку пред кошарката, фудбалот... Нашите клубови и во домашните дуели треба да размислуваат европски, а арбитрите голема доза на неутралност. Само така во иднина ќе излеземе како победници и како зeмја со поголеми шанси за поголеми успеси во ракометот како на клупски така и на репрезентативен план.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...