Металург направи огромен чекор кон враќање на титулата

Ракометарите на „Металург“ попладнево одиграа одличен натпревар и со убедливи 30:21 го совладаа големиот ривал и актуелен македонски шампион „Вардар“.



По оваа победа „Металург“ се изедначи по бројот на бодовите со „црвено-црните“, но во меѓусебните дуели има подобар ефект, бидејќи „Вардар“ на домашен терен победи само со еден гол разлика.

Дербито беше неизвесно само во првите 7-8 минута, а потоа екипата од Автокоманда влезе во ритам и до крајот на првото полувреме направи солидна предност од 16:11. Иста слика и во второто полувреме. Вардарци не најдоа начин да ги сопрат разиграните противнички играчи. Тактиката на тренерот Лино Червар функционираше беспрекорно, одбраната цврста, нападот брз и експлозивен за во неколку наврати предноста на „металурзи“ да биде и двоцифрена.

Предводници во победничкиот состав беа Ренато Вугринец со 8 и Дејан Манасков со 6 погодоци. Четири пати реализираа Гоце Георгиевски, Филип Миркуловски и Павел Атман. За „Вардар“ Игор Карачиќ даде 6 голови, по четири постигнаа Тимур Дибиров, Филип Лазаров и Матјаж Брумен.

Доколку не се случи некое големо изненадување до крајот на плеј-офот во Супер лигата, „Металург“ по шести пат ќе ја освои шампионската титула и ќе му се приближи на „Вардар“ кој осум пати бил на тронот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...