Автокоманда слави шеста титула

Автокоманда и армијата фанови на Металург од вчера ја слават шестата шампионска титула. Металург беше импресивен на најважниот натпревар и го совлада големиот ривал Вардар со цели девет гола разлика (30:21). За подобар скор во меѓусебниот дуел му беше потребна минимална победа (со максимално примени 23 гола).

До крајот на првенството за Металург остануваат уште четири натпревари, победи ли на сите, што е апсолутно за очекување, шампионскиот пехар по една година ќе се врати назад во „Автокоманда“.

Малку кој можеше да претпостави дека решавачкиот натпревар ќе биде ваква игра на мачка и глушец. Но, Металург беше доминантен од првиот момент до крајот на средбата. На „вардарците“ како да им се пресекоа нозете во зовриениот амбиент што ги дочека во пре-преполната „Автокоманда“ и блиската средба со Металурговите фанови. Далеку од тоа што беа досега беа Душебаев (0/4), Дибиров (прв гол од игра во 55 минута), Брумен (четири утнати шута по ред), 56 минути без гол од пикерите Тоскиќ и Чипурин итн.

КОНТРОЛА ОД ПРВ МОМЕНТ

Средбата со гол од пенал, релативно лесно изнуден од Лазаров, ја отвори Тимур Дибиров. На спротивната страна на истоветен начин врати Ренато Вугринец. Михаил Чипурин го постигна првиот и единствен гол од пивот во четвртата минута за водство на Вардар од 2:1 и тоа беше последниот момент до кој Вардар беше конкурентен на теренот во вистински смисол.

Вардар загуби две топки во следните два напади, а тоа го казнија крилата Георгиевски (2) и Манасков со еден погодок за водство на Металург од 4:2. И веќе тогаш можеше да се почувствува дека „вардарците“ не ќе да се спремни за борбата што ги чека во „Автокоманда“.

Погреши и Металург, па за момент преку Лазаров и Брумен Вардар се врати во игра (4:4), но веднаш стигна одговорот преку Вугринец, па Станиќ ја запиша првата одбрана, па вчера извонредниот Дејан Манасков со својот втор гол одново го однесе Металург на плус два (6:4)

ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ

Металург не го имаше комплетно оспособено Павел Атман, па тој мечот го почна од клупата. Но, по десетина минути беше фрлен во оган, во ситуација која на теренот се играше „5 на 5“, а на ладење беа Вугринец и Абутовиќ.

Токму Атман со голот за 7:4 го најави почетокот на крајот на сè уште актуелниот шампион.

Игор Карачиќ би рекле дека беше единствениот покрај Филип Лазаров што беше расположен за игра во Вардаровиот тим. Постигна гол за 5:7, но Металург веќе беше во залет. Вугринец, па Манасков и водството се зголеми на плус четири. Дибиров, одново од пенал намали за момент, Ангелов кој го замени целосно индиспонираниот Малумбрес, ја запиша првата одбрана, но попусто. Со два гола по ред Дејан Манасков се чини стави крај на надежите на Вардар дека ќе повтори ланската бајка во „Автокоманда“.

По само 16 минути игра, Металург имаше пет гола предност (11:6), а Вардар немаше решение. Карачиќ се обидуваше да ја извлече колата од калта, постигна два гола за 8:11, но Станиќ почна да брани, а Миркуловски до тој момент незабележлив почна да игра една од најдобрите партии во дресот на Металург. Вардар не можеше да најде игра, го немаше ефектот на Дибиров, Душебаев не можеше да погоди, а единствено поради Карачиќ (5/6 во првиот дел) и Ангелов разликата експресно не порасна.

Се „заглави“ водството на 5 разлика, со тоа што Металург утна три напади (две контри) за плус шест. Последните две минути беа „еден на еден“ меѓу Карачиќ и Атман, за конечните 16:11 на полувреме.

ИНЦИДЕНТ НА ОДМОРОТ

Заменик директорот на Вардар, Марко Савовски , тргна од ѕидот транспарент со навредлива содржина за Комитите, на заминување кон соблекувалната, по што еден од фановите на Металург од навивачкиот „бокс“ на Пиратите тргна да се пресметува со него. На пат му застана горостасниот голман Страхиња Милиќ, се фатија за врат и малку недостигаше да бидне голем инцидент. Реагираше полиција, на трибините сместија и полициските „желки“, па натпреварот можеше да продолжи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...