Обрван:Со една нога сме во Катар

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ го игра реванш натпреварот од баражите за пласман на Светското првенство во Катар 2015 година.

По првиот натпревар, Македонија има предност од два гола во дуелот со Грција (во Атина беше 27:25), а дополнителна предност против ривалот ќе биде и домашниот терен и домашната публика, која покрај тоа што очекува сигурна победа, се надевам и на добра игра.

- По победата во Атина со „една нога“ сме во Катар. Уверен сум дека успешно ќе ја завршиме оваа сезона на македонскиот ракомет, како на клупски, така и на репрезентативен план. Секако ќе се потрудиме да ги израдуваме присутните во салата „Борис Трајковски“ и низ цела Македонија. Позитивна работа од првиот натпревар е и тоа што победивме, а во реваншот се надевам и на поквалитетна игра, изјави селекторот на Македонија, Ивица Обрван.

Во составот нема да има промени и истите 16 играчи ќе се појават на теренот. Во Атина дебитираше Ренато Вугринец.

- Резултатот во Атина на првиот натпревар не дозволи во игра да влезе Филип Талевски. Се надевам дека сега во Скопје и тој ќе има можност да се појави во игра, истакна Обрван.

Почетокот на натпреварот е во 20 часот, а салата во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде исполнета до последното место.

Од европската зона досега четири репрезентации обезбедија пласман на СП во Катар: Австрија, Русија, Чешка и Полска.

Денеска се играат натпреварите: Словенија – Унгарија (22:25 прв натпревар), Шведска – Романија (25:24), Исланд – БиХ (32:33) и Белорусија – Црна Гора (27:28).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...