Македонија со убедлив триумф против Грција

Со две победи во баражот против Грција, репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман на Светското ракометно првенство што во 2015 година ќе се одржи во Катар. По 27:25 во Атина пред осум дена, вечерва резултатот беше 35:23.

„Црвено-жолтите“ во СЦ „Борис Трајковски“ силно бодрени од шестилјадната публика почнаа многу мотивирано и по само десетина минути игра имаа плус седум, а некаде на половина од првите 30 минути разликата беше двоцифрена (13:3). Капитенот Кире Лазаров раководеше со нападот, реализираше и асистираше, а голманот Борко Ристовски со своите одбрани ги откажуваше противничките ракометари.

Следуваше период на рамноправна игра. Селекторот Ивица Обрван им даде шанса на резервистите кои ја задржаа високата предност до полувремето (19:9).

Во второто полувреме се играше атрактивно на двете страни, Македонија од минута во минута ја зголемуваше разликата. Нашите репрезентативци реализираа, Никола Митрески на голот достојно го замени Ристовски. Семафорот во 44.минута покажуваше 26:12 или до тој момент максимални плус 14. До крајот македонските ракометари одиграа рутинирано, ја задржаа високата предност и заедно со навивачите го прославија големиот успех – пласманот на уште едно големо натпреварување.

Лазаров со 10 погодоци беше најефикасниот во нашата репрезентација. Гоце Георгиевски и Немања Прибак запишаа по четири реализации, Дејан Манасков и Ренато Вугринец погодија три пати.

Од европската зона учество на Мундијалот 2015 вчера обезбедија репрезентациите на: Австрија, Русија, Чешка и Полска.

Резултати на реваншите на денешните баражи: Шведска - Романија 27:21 (25:24 прв натпревар), Белорусија - Црна Гора 30:24 (27:28), Словенија - Унгарија 32:26 (22:25) и Исланд – Босна и Херцеговина 29:29 (32:33).

Според овие резултати денеска, покрај Македонија, пласман во Катар обезбедија Шведска, Белорусија, Словенија и БиХ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...