Нереалните очекувања нè спуштија на земја

Кадетското светско првенство завршува в недела. За македонскиот тим веќе неколку дена е завршено. До спуштањето на завесата останува накратко да сумираме малку од впечатоците

Женскиот кадетски мундијал се ближи кон крајот. Остануваа уште битките за медал и за утешните позиции по што репрезентациите ќе ги спакуваат куферите и од понеделник СП Македонија ќе биде само сеќавање.

За некои добро, за други не. Анализите подоцна ќе покажат кои репрезентации имаат розова иднина, каде нема да биде така. Од тоа што го видовме на мундијалот, ќе си дозволиме да прогнозираме дека Романија, Ц. Гора, Германија, Русија, Кореја, Данска... нема за што да се грижат. Имаат генерација ракометарки која оди во вистинскиот пат. Па иако немаат ниту 18 години можеме да си дозволиме и да предвидиме блескави кариери на ракометарки како Базалиу, Белк, Ју итн.

Има ред репрезентации со богато педигре кои резултатски потфрлија, а играчки разочараа во Македонија. Франција, Унгарија и Норвешка ги издвојуваме во ова друштво. Не треба талент за гледање на кафе или во кристална топка за да им предвидиме на македонските ракометарки иднина во која ако сакаат нешто да сменат, им претстои работа, работа и работа.

Македонија мундијалот го заврши на 17. место. Добри сме колку што се добри и тие од нашето друштво. Тоа се Ангола, Тунис.. нешто сме подобри од Узбекистан, нешто послаби од Аргентина. Резултатите се несоборливиот аргумент во оваа приказна. Нашето место во моментов е таму, дали тоа ни се допаѓа или не е друга приказна.

Седумнаесетто место за организатор на мундијал секако е резултат со кој никој нема да се гордее. Проблемот кој е поголем од пласманот го прават очекувањата. Мислевме дека сме многу подобри, дека вредиме повеќе, дека нашите играчи се подобри, дека можеме повеќе. Не велиме дека не сме. Но, шансата тоа да се докаже е пропуштена.

СЕЛЕКТОР ПРЕД ОСТАВКА

Прашање на ден е кога РФМ ќе биде информиран дека селекторот се повлекува од оваа функција. Ќе слегне малку правта, ќе се сумираат впечатоците и тоа ќе биде тоа. И најлесно е за освоеното 17. место незадоволните да го заврзат на столбот за мачење Аце Станковски и да фрлаат по него со дрва и камења. Ќе се утешиме за момент дека сме го пронашле виновникот и тоа ќе трае веројатно до следните квалификации каде што, веројатно, ќе нè чека репетиција на судбините на многу наши млади тимови што отишле да се борат за пласман на големо натпреварување. По тоа списокот на виновници, веројатно, ќе се прошири од селектор на РФМ итн. Но, вистинскиот виновник се крие на повеќе локации. Аце Станковски ќе ја понесе својата одговорност дотогаш реши мирот да го најде на планина, далеку од актуелностите.

ШТО МОЖЕШЕ ДА СЕ ИЗБЕГНЕ

Гледано од денешна перспектива, ја одбравме најтешката група. Три полуфиналисти (Германија, Романија, Данска) и Аргентина која на крајот излезе подобра и од Норвешка. Ваква грешка во изборот е неопростлива посебно затоа што токму изборот на група е најголемата предност на домаќинот на СП. Но, во моментот тоа изгледаше како добра идеја и со тоа мораме да се помириме.

Втора од наш агол грешка е што се залетавме со Германија. Веќе во првото коло ги откривме сите адути, а за волја на вистината и ги немаме многу за трошење. Потрошивме сила, мотиви и единствено што успеавме е да бидеме рамноправни во поразот. Аргентина нè „сними“ ги воочи нашите слабости и кога се пресметувавме со нив бевме прочитани. По ова веќе ништо и не беше важно.

Овие два пропуста ги препишуваме на лоша проценка. Не на противниците. Лошата проценка се однесува на нашите можности.

КАДЕТСКИ ФЕНОМЕН

Многу работи мораат да се сменат кај нас за да фатиме курс кој ќе нè направи да бидеме подобри од тоа што сме во моментов. Првенствено РФМ мора во кадетските лиги натпреварите да ги направи да се играат 2х30 минути. На СП видовме натпревар кој со 4 продолженија траеше 80 минути. Со ништо скратеното време на натпреварите не придонесува за кадетите да бидат во ранг на екипите со кои сакаме да се мериме.

Мора да се смени пристапот и тоа во поглед на едукација и однос кон играта. Ракометот не е спорт во кој се почнува со тоа што со другарите од маало играте надвор. Тоа е неговата специфика и проклетство. Ракометот мора да се одбере како спорт и по тоа се учи во училиште по тоа во клуб. Во репрезентација, макар кадетска се доаѓа како финален продукт.

Мора да се учи од способни тренери и педагози од повозрасни играчи кои успеале во кариерата. Тие треба да им всадат во главата на младите играчи дека врвен ракометар не се станува на фејсбук, на плажа... И како и секој спорт не трпи импровизации. Влогот и жртвите на патот да се стане врвен спортист се големи. Во Македонија тоа не се сфаќа во вистинска смисла. Првиот чекор е домашното воспитување и поддршка.

Ги споредуваме репрезентативките со своите ривали. Сега ќе подвлечеме една поинаква паралела.

Во Струмица на натпреварите на СП имаше родители од Германија, Македонија, Данска, Шведска, Унгарија, Норвежани имаат паркирано и трејлер возило пред салата „Парк“. Погодете од која држава беа родители што седеа на еден метар од селекторот му се закануваа и го пцуеја.

И ова е „феномен“ што се јавува само во женска кадетска конкуренција. Истото се случи и на ЕП Србија во 2009 година кога бесни родители го нападнаа тогашниот селектор Николче Костовски. Слушнавме дека РФМ за вакво нешто во иднина ќе има нула толеранција.

Можеби најважното што треба да се менува во иднина е бројот на контролни натпревари со врсници од други земји. Така постојано ќе имаме слика каде се нашите можности и што да очекуваме. Затоа што на овој мундијал се судривме со нашите очекувања кои беа поголеми од можностите.

ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ

Ракометната академија е еден позитивен сигнал за правилна едукација. Има и други позитивни сигнали дека ќе се менува нешто во младинските категории. Менува Металург, менува и Вардар.Федерацијата, пак, најавува нови чекори.

„Потпишавме СМАРТ програма со ЕХФ. Од септември ќе го следиме воведувањето на мини ракометот по школите во Македонија. Се трудиме да направиме дата база за тоа што се случува во малите места. Ни требаат силни Битола, Прилеп, Охрид итн. Ме радува тоа што го гледаме во Струмица, се случува вистинска ракометна експанзија. Треба да ја комплетираме работата со клубовите. Го поздравувам тоа што го работи Металург, тоа што го почнува Вардар. Стратегијата мора да биде заедничка. Највисока цел е посилен македонски ракомет. Ако секој го направи најдоброто што го знае, да го омасовиме спортот од што ќе произведеме квалитет, ќе биде добро“, изјави претседателот на РФМ Живко Мукаетов на ждрепката во Доха.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...