Лигата на „стаклени“ нозе

Ниту Одбојкарската федерација на Македонија, ниту клубовите во машка и во женска конкуренција не знаат дали, кога и како ќе стартува новата одбојкарска сезона. На месец дена пред периодот во кој по некое непишано правило би требало да стартуваат првенствата сè е енигма.

Неофицијалните информациите велат дека се чека Федерацијата да достави апликации за пријавување учество во системот на натпреварување, чие дефинирање, пак, директно зависи од пријавените екипи. ОФМ засега молчи и најверојатно, чека реакција од клубовите, со оглед на тоа дека куса е листата на кандидати кои би играле следната сезона.

Во машка конкуренција Шкендија уште лани се повлече, а мали се шансите клубот да се врати на сцената, со оглед на тоа дека и самите потврдија дека е доволно од импровизации. Вардар никаде го нема. Струмица е единствената што покажува знаци на живот...

Во женска конкуренција Јанта Волеј и Македонија Макс се активни, шампионот Форца е пред расформирање, Работнички бара тренер, како и Бами Кор, а прашање е и дали и колку овие екипи и ќе пријават учество во таканаречената прва лига.

Се чини најсигурно е дека младински турнири ќе има бидејќи за нив и интересот е најголем, а за другото натпреварување ќе мора да почекаме, да видиме дали и колку храбри клубови ќе се огласат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...