СЦ „Јане Сандански“, нова Вардарова тврдина

„Сакам оваа сала да стане тврдина од која никој нема да си замине со бодови. Работата на таа цел почнува в сабота против рускиот шампион“, потенцираше Тимур Дибиров

Премиерата на домашен терен во годинешното издание од Лигата на шампионите Вардар ќе ја обедини со уште еден значаен клупски момент, официјалното отворање на новиот дом СЦ „Јане Сандански“, предвиден за в сабота, од 19 часот, против рускиот шампион Чеховски Медведи.

Тоа носи двоен предизвик за „црвено-црните“ ракометари, од една страна да влезат во победничка серија во групната фаза од најквалитетното европско клупско натпреварување, а од друга да приредат спектакл за своите фанови и да го претстават СЦ „Јане Сандански“ како нова скопска неосвоива ракометна тврдина.

„Нé очекува тежок натпревар, со оглед на тоа дека во Лигата на шампионите нема лесен противник, а исто така секоја екипа има посебен стил на игра, како што видовме во Целје. Но, ова е прв меч во ’Јане Сандански’ и сакам оваа сала да стане тврдина од која никој нема да си замине со бодови. Работата на тоа започнува в сабота, меч, кој ќе има посебно значење за мене, Растворцев, Шишкарев и Чипурин, како поранешни играчи на Ч. Медведи. Но, не е важно, кој е на спротивната страна, на теренот нема пријатели. Најважно е ние да одиграме на ниво, а дома Вардар е комплетно поинаква екипа и да ѝ се реваншираме на публиката за лошото издание во Целје. Потребна ни е победничка серија и со поддршка на публиката одиме кон нејзина реализација“, истакна Тимур Дибиров на вчерашната средба со медиумите, која беше најава за утрешниот дуел.

ВАРДАР Е ДРУГ ТИМ КОГА ИГРА ДОМА

Напорна е оваа недела за македонскиот вицешампион. По дуелот со Целје, следуваше регионалниот меч со Загреб, а сега е натпреварот од 2. коло од групната фаза од ЛШ. Тренерот Раул Гонзалез е свесен дека за кусо време се играат три значајни натпревари, но потенцира дека Вардар е сосем поинаква екипа кога игра во домашна атмосфера.

„Стоиме пред важни два бода во Лигата на шампионите. Чеховски Медведи е силен противник, кој игра слична одбрана како и Загреб (5-1).

Јасно ми е дека екипата понуди еден лик со Целје, потоа друго издание со Загреб, каде функциониравме одлично, но за три дена не може многу да се смени во играта. Сепак, Вардар е различен тим, кога игра дома, терен на кој секој меч мора да се добие. Сметам дека сме фаворити, но тоа мора да го докажеме и на терен.

Ме плаши фактот што играме во нова сала, секако и притисокот за победа и очекувањата се големи, што носи и нервоза во тимот, но мислам дека ќе успееме да излеземе на крај и со тоа“, заклучува стратегот на „црвено-црните“.

НАШ „МЕЧ НА НЕДЕЛАТА“

Европската федерација (ЕХФ) избира свој „меч на неделата“, но за Вардаровиот табор, како и за сите луѓе кои работат во менаџментот на СЦ „Јане Сандански“, саботниот натпревар го носи токму тој епитет.

„Нетрпеливо го очекуваме официјалното отворање на салата, со саботниот натпревар. Сите сме под позитивен притисок за сé да биде беспрекорно, и за нас ова е ’меч на неделата’. Вратите на СЦ ’Јане Сандански’ ќе бидат отворени уште во 17 часот, додека официјалната програма почнува во 18:45 часот. Публиката ќе може да влезе во салата, преку влезовите од јужната и западната трибина.

Исто така, в сабота започнува со работа и спортската продавница, со брендот Хумел, во чии склоп ќе има и фан-шоп со дресови и реквизити од ракометните клубови на Вардар“, истакна директорката на спортскиот центар, Надица Димовска, која притоа замоли сите посетители да се придржуваат кон законите за спорт.

Второто коло од Лигата на шампионите стартуваше синоќа со натпреварот меѓу Кил и Ла Риоха од групата А.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...