Новата арена „Јане Сандански“ мотив повеќе за ракометарите на Вардар

Фуриозниот настап пред шесте илјади посетители во новата арена на СЦ „Јане Сандански“ за ракометарите на Вардар беше дополнителен мотив на дуелот со Чеховски Медведи во Лигата на шампиони, кој црвено-црните го добија со 39:28.

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес на прес-конференцијата призна дека постоел притисокот пред натпреварот, но дека неговите избраници на најдобар можен начин се справиле со тоа.



Иако, гледајќи го конечниот резултат, навидум победата црвено-црните ја извојувале лесно, сепак дека не е така потврди и вториот стрелец на овој дуел Алекс Душебаев кој се сложи со својот тренер. - Ова беше сериозен меч, за нас, прв во новата сала. Сите гледачи, сите љубители на ракометот од Македонија посакуваа победа. Ние ја остваривме и ова за нас беше среќен ден, дополни Душебаев.

Првиот стрелец Тимур Дибиров, кој постигна 9 голови, не ги криеше импресиите од атмосферата во салата, како и задоволството од одличниот настап на целиот тим.

- Демонстриравме одлична игра во одбрана. Така ќе биде и во иднина. Тука, во Скопје, нема екипа што може да не победи, изјави Дибиров, кој со 19 постигнати голови на двата натпревара е првиот стрелец на Вардар во Лигата на шампиони. Фото: http://rkvardar.com/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...