Стартуваат подготовките на ракометната репрезентација на Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги почнува подговките за претстојните два дуела од квалификациите за Европското првенство за 2016 година.

На повикот на селекторот Ивица Обрван се јавија сите ракометари, а на претпладневниот собир отсуствуваше единствено капитенот Кирил Лазаров, кој по вчерашниот натпревар на Барселона во шпанската лига доцна допатува во Скопје.

За дуелите со Швајцарија во Скопје и со Чешка на гости селекторот Обрван бара максимално сериозен пристап.

- Сите очекуваат лесна победа над Швајцарија. Но, треба на теренот да потврди тоа. Имаме објективен проблем со тоа што дел од играчите немаат доволна минутажа во своите екипи. Се надевам дека сепак ќе успееме да оствариме победа над Швајцарија.

Голманот Борко Ристовски е еден од малкуте наши интернационалци, а за претстојните два дуела очекува две победи.

- Швајцарија може да биде незгоден ривал. Но, ние сме веќе искусна репрезентација и затоа мора да оствариме победа и потоа со добра игра да настапиме против Чешка на гости. Можеме да постигнеме две победи, но најдобро е да се оди чекор по чекор, рече Рисовски.

Репрезентацијата првиот тренинг ќе го има попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ каде в среда и ќе се игра натпреварот со Швајцарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...