Победа за победнички залет кон Полска

Македонската репрезентација од вчера е на собир и ќе има многу малку време, само еден ден, да се подготви за настап во првото коло од квалификациите за ЕП 2016 што ќе се одржи во Полска.

Македонија е во група со Швајцарија, Чешка и Франција, а две репрезентации ќе се пласираат на Европското првенство.

Прв противник ни е Швајцарија, репрезентација со која игравме во истиов период и пред две години. Тогаш Македонија, без повредениот Наумче Мојсоски запиша резултатски убедлива победа во Скопје од 30:24 (17:9), а подоцна и во Швајцарија подобра излезе македонската репрезентација 27:22 (12:11).

Од составот што во 2012 и 2013 година играше со Швајцарија во тимот нема да има петмина. Тоа се Владимир Темелков, Бранко Ангеловски, Мите Стоилов, Стевче Алушевски и Милан Левов.

МАКЕДОНИЈА ВО ПОЛН СОСТАВ

Ивица Обрван селектираше 20 ракометари за дуелот со Швајцарците и за наредниот, со Чешка што ќе се игра в недела во Злин. На првата прозивка се појавија сите ракометари, а селекторот може да биде задоволен со информацијата дека страниците на здравствениот билтен се празни.

„Дојдоа сите ракометари и единствено Кирил Лазаров ќе го пропушти првиот тренинг“, изјави Обрван. „Никој од ракометарите не пријави повреда и некаква оневозможеност да тренира или игра“, изјави селекторот на македонскиот тим.

Вчера утро, конечно, ги снема стравувањата кои се појавија по информацијата од Металург дека проблем со коленото има Дејан Манасков и дека поради тоа не играше на дуелот со Борац од

СЕХА лигата.

Кирил Лазаров доби слободно попладне за регенерација затоа што тој најдоцна имаше клупски обврски. Барселона во неделата на пладне одигра неочекувано тежок натпревар со Бенидорм (28:25, 10:16), средба која во вториот дел ги стави на мака најдобрите играчи на каталонскиот клуб.

ЈОНОВСКИ: БЕЗ ПОТЦЕНУВАЊЕ

Добра вест за Обрван е дека ракометарите на Металург кои минатата недела имаа проблем со вирус се добро. Меѓу нив е еден од главните дефанзивци, Ацо Јоновски.

„Добро сум, проблемите се надминати и подготвен го чекам мечот со Швајцарија. Тоа е добра репрезентација, не смееме да ја потцениме. Се сеќавате на ланската сезона? Вакер Тун, екипа од Швајцарија, ние во залет... ја потценивме и одигравме нерешено, загубивме бод, бевме многу блиску да загубиме и два. Затоа мирно, знаеме со која екипа играме, знаеме како треба да се однесуваме“, изјави Јоновски.

„Секој натпревар е важен во овие квалификации, а секогаш е убаво да се стартува со победа. Потребна ни е за да отидеме во Чешка растоварени. Таа средба таму е многу важна, но сега се фокусирам само на Швајцарија. Ќе повторам, не смееме да ја потцениме и уште од сега да мислиме на Чешка, па да се сопнеме. Ќе одиме чекор по чекор“, изјави Јоновски.

ЧЕТВОРИЦА ОТСУТНИ

Централниот бек на Рајн Некар - Анди Шмит и левиот бек на Кадетен Шафхаузен, Давид Граубнер, се двата ракометара на кои ќе треба да се обрне внимание на утрешниот дуел. Бековите на РНЛ и Кадетен се „единствените“ ракометари што имаат педигре и во Европа. Во тимот на Швајцарија има неколку измени, дел од нив се принудни. Линигер, Свајлен, Бавиера и Линдер се повредени.

Крилото Мануел Линигер е најзвучното име кое го пропушта мечот, но поголем проблем за Ролф Брак, новиот селектор на Швајцарците, ќе биде отсуството на дуото Свајлен-Бавиера, двата централни дефанзивци. Самиот селектор си призна дека без нив не гледа многу фајде од зоната 6:0, па најави дека ќе играат 5:1 и ќе се обидат да ја искористат брзината како предност затоа што физички се инфериорни. Не е реткост ваквите изјави да имаат цел да создадат погрешна слика, па речиси секогаш се пречекуваат со резерва.

„Ние се фокусираме на нашата игра и решавањето на нашите проблеми“, изјави селекторот на македонскиот тим Ивица Обрван за веста на отсуството на квартетот на швајцарски играчи. Најголемиот проблем, пак, за Обрван е минутажата на репрезентативците, посебно на тие кои доаѓаат од редовите на актуелниот првак Металург.

Во каква форма е македонскиот тим ќе видиме утре. Швајцарија иако некомплетна не доаѓа во Скопје за да ни ја разубави туку за да ни ја расипе вечерта. Ако биде на потребното ниво македонскиот тим не би требало да има проблеми за да запише прва победа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...