Македонските ракометари посакуваат победа

Машката ракометна репрезентација на Македонија утре против Швајцарија ги почнува квалификациите за Европското првенство 2016.

На денешната прес-конференција селекторот Ивица Обрван ја нагласи важноста со победа да се започне новиот циклус.

- Швајцарија има нов селектор и неколку нови играчи во однос на претходните квалификации. Добро е да се почне со победа и мирно да се подготвиме за дуелот по три дена со Чешка. Не се сите играчи во најдобра форма од икс причини, но ќе направиме се да постигнеме победа, рече Обрван.

Повратникот во националниот тим Наумче Мојсовски истакна дека победата е императив.

- Нашата амбиција е да се пласираме на Европското првенство во Полска и да го продолжиме континуитетот на настапи на европските собири. Во група Франција е огромен фаворит, а Швајцарија знае да биде незгоден противник, но моментално е ослабен и е без неколку играчи кои ја завршија репрезентативната кариера. Добро е циклусот да го почнеме со две победи, против Швајцарците и со Чешка, потенцира Мојсоски и додаде дека е потполно подготвен да му се стави на располагање на селекторот Обрван.

Оптимист е и пивотот Стојанче Стоилов.

- Ова ни е прв собир во оваа нова сезона. Швајцарија и Чешка се незгодни и квалитетни противници и со евентуални две победи со „една нога“ ќе бидеме пласирани на ЕП во Полска. Фаворити сме на утрешниот дуел, тоа мора да го покажеме на теренот.

Натпреварот Македонија – Швајцарија се игра утре со почеток во 17 часот и 45 минути во СЦ „Борис Трајковски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...