Победа за загревање пред Чешка

Како и на претходните квалификации за ЕП, прв гостин во „Борис Трајковски“ е репрезентацијата на Швајцарија. Тогаш победивме и отидовме на ЕП, сега се надеваме дека историјата ќе се повтори

Македонската сениорска репрезентација вчера ја одработе својата должност кон симпатизерите и на прес-конференцијата организирана за натпреварот со Швајцарија имаше свои претставници во селекторот Обрван и ракометарите Наумче Мојсоски и Стојанче Стоилов, кои говореа во свое и името на своите колеги пред медиумските претставници.

Попладнево, Македонија отвора нов циклус квалификации. Почнуваме со дуел со Швајцарија на домашен терен и веднаш по тоа в недела гостуваме во Чешка. Со тоа се затвора првата фаза од квалификациите. Во втората, во април играме два натпревара со Франција, а по тоа во јуни гостуваме во Швајцарија и дома ја пречекуваме Чешка. Двете подобро пласирани репрезентации ќе обезбедат учество на ЕП Полска 2016 година.

ОБРВАН: ДА СТАРТУВАМЕ СО ПОБЕДА

„Се собравме првпат по баражот и имаме само два тренинга вкупно, пред стартот на квалификациите. Целата работа ќе биде малку ’о-рук’, но тоа е. Така е за сите репрезентации. Би бил задоволен да тргнеме со победа и по тоа во следните три дена да се подготвиме за важниот натпревар со Чешка. Швајцарија има нов селектор, нешто изменет состав од пред една година. Нашите играчи се здрави, но не се во оптимална форма, од разни причини. Се надевам дека тоа ќе биде доволно за победа“, изјави Обрван.

На списокот на селекторот и натаму се 20 ракометари, а кои четири ќе отпаднат ќе се знае во текот на денешниот ден.

„Имам уште некои ситни дилеми и ќе почекам за конечниот список“, изјави Обрван.

МОЈСОСКИ: ИМАМЕ ЖЕЛБА, МОРА ДА ПОБЕДИМЕ

Нашите амбициите се пласман и континуитет на големите натпреварувања. Имаме неколку големи натпреварувања по ред и тоа ми дава право да верувам дека можеме и во овие квалификации успешно да минеме. Во групата се Франција, Швајцарија и Чешка. Франција е огромен фаворит и ќе ја исклучиме од анализата, за неа ќе размислуваме кога за тоа ќе дојде време. Швајцарија има добар тим, гледавме цд од нив, игра доста квалитетна одбрана“, вели Мојсоски.

„Кај нас желбата е за играње е огромна, но имаме играчи кои не се стандардни во своите тимови и еве ова е натпревар на кој ќе имааат шанса да се докажат. Сите играчи се подготвени и желни и би сакал да го завршиме првиот циклус со две победи. Јас сум здрав, од таа страна немам никакви проблеми. Немав доволно минутажа на почетокот на сезоната, не знам од кои причини, но сега сум се повеќе во игра“, изјави Мојсоски.

СТОИЛОВ: СО ЕДНА НОГА НА ЕП

Швајцарија и Чешка се незгодни противници, но се надевам на две победи. Швајцарија има добри играчи, ракометари што играат во Бундес-лигата, но сметам дека на овој натпревар ние сме фаворити. Сепак, мораме на терен да го докажеме тоа. Ако ги победиме Швајцарија и Чешка, со една нога сме на ЕП“, изјави Стоилов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...