Што ќе се смени сега, кога тимот не победува?

Тргнувајќи од тоа дека „тимот што победува не се менува“, логично е големите промени да следат кога тимот губи. Македонскиот шампион Металург одамна, односно цела сезона не е веќе тим што победува. Дали самото играње во ЛШ и натаму ќе биде вреднувано како успех, е индивидуално. Во спортот успехот може да се мери, а се мери не само со резултати туку и со посета, гледаност, популарност. Параметри кои се во пад кога нема резултати.

Вкупниот скор на Металург досега е 5 победи и 9 порази, од кои 4 победи се во СЕХА ГСС лигата. За Топ 16 треба да навива за Ла Риоха, а и за тоа да има некаква основа потребно е претходно да се извојува победа над БГК Мешков. Практично, шансите на македонскиот првак да се најде во 1/8 финалето се колку тие да добие на лото.

Во Лигата на шампионите Металург има 1 победа и 6 порази. За споредба, ланската сезона комплетниот прелиминарен дел го заврши со 3 порази, исто толку имаше и во двете претходни сезони. Тоа беа резултатите кои го кренаа клубот од маалско, на национално ниво. Луѓе од цела Македонија доаѓаа на нивните натпревари, за што клубот беше посебно горд и тоа во многу наврати го потенцираше. По тоа билетите се продаваа за два часа, па за 15-тина минути, па за 8 минути, што е рекорд кој тешко дека ќе биде достигнат. Така беше и пред почетокот на оваа сезона кога рекордни 4.000 претплатни билети беа продадени. И тоа е рекорд што тешко дека ќе се повтори.

Сезонава се запре, а Металург „набрзинка“ се врати во некои дамнешни рамки. Начинот на кој клубот функционирал и во минатото со чест на поединци не бил некое високо европско ниво, но имало и разбирање и нови идеи. Сега сето тоа небаре не чинело е сменето и направено е нешто ново. Фактот што клубот тренира со обезбедување на вратите од салата треба да е одговор на сите обиди тоа да не биде така претставено. Публика во ЛШ и натаму има, салата е речиси полна, но билетите веќе не се продаваат сите. Прашање е со колку луѓе на трибините ќе биде завршена сезоната.

Единствената послаба сезона во Лигата на шампионите, под водство на Лино Червар ја имаше на неговото деби со Металург во ЛШ, 2010 година, кога беше елиминиран уште во квалификациите. По тоа следеа поголеми играчки промени.

Металург до својот втор најлош резултат со Лино Червар како тренер доаѓа во моменти кога го имаше склопено најсилниот тим и кога во Лигата на шампионите влезе не преку квалификации, туку како екипа од вториот шешир, а реално имаше и послаби противници во групата и од претходната и од сезоната пред неа.

Веројатно ќе слушнеме анализа од типот дека ова е дело на тоа што седум играчи заминаа среде сезона, но тоа е само делумно точно. Металург имаше 4 порази по ред и кога беше комплетен. Овде не го вбројуваме или оправдуваме отсуството на Дарко Станиќ и Павел Атман на дуелот во Брест, затоа што тие беа и здрави и сакаа да играат, а клубот беше тој што одлучи да ги превоспитува на тој начин, оставајќи ги во Скопје, веројатно со намера да им покаже дека не се незаменливи и дека се може и без нив.

Резултатската вртелешка во групата, сега, на крајот покажува дека за пласман во 1/8 финалето бодови им требаа токму од (вториот елиминиран тим) - БГК Мешков од Брест.

Нема да ја изоставиме и несреќната епизода во Загреб, кој со помош на судиите стигна до тесна победа, но вистинското прашање е дали само арбитрите беа виновни за поразот. Во медиумското „препукување“ кое следеше на релација играчи-тренер, слушнавме дека токму актерите на теренот не ја гледаат комплетно вината во судиите.

Да се вратиме на почетокот. Тимот што не победува треба да се менува. Веќе се сменија седум играчи и веќе не е најсилниот тим што Металург го имал – туку најслабиот во последните пет години. Но, вистинските промени допрва би требало да претстојат. Желба на играчите беше смената да не биде играчка - туку тренерска. Но, како одминува времето, желба за сè што е поврзано со Металург кај нив има сè помалку.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...