Вардар со победа, Металург со пораз ја завршија 2014

Ракометарите на Вардар забележаа победа, а Металург доживеа пораз вчера вечер на последните натпревари на македонските претставници во регионалната СЕХА лига за 2014 година.

На натпреварот од 11. коло одигран во Крагуевац, македонскиот шампион Металург загуби од Раднички со 29:24. Најефикасен во составот од Автокоманда беше Наумче Мојсовски со 9 голови.

Добривоје Марковиќ со 11 погодоци го предводеше составот на Вардар во 10. победа во СЕХА конкуренцијата, откако црвено-црните вечерва во Нашице, во дуел од 12. коло, го совладаа хрватскиот тим Нексе со 30:27.

Со новите бодови, Вардар се зацврсти на второто место на табелата, додека Металург остана на шестата позиција.

Следните настапи Металург и Вардар ќе ги имаат на почетокот на февруари следната година.

Последните два дуела во регионалното натпреварување за 2014 година се играат денес. Двојките се: Веспрем – Војводина и Татран Прешов – Мешков Брест.

Табела: Веспрем 33 бодови (11 одиграни натпревари),

Вардар 30 (12), ППД Загреб 24 (13), Мешков Брест 24 (10),

Татран Прешов 21 (11), Металург 11 (10), Нексе 10 (12), Раднички 7 (13), Војводина 6 (12), Борац 4 (12).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...