Мундијал каков што досега немало

По многу перипетии, промени и протести, дојде денот кога застануваме пред уште едно, 24. по ред Светско првенство во ракомет во машка конкуренција. За првпат во еден град, за првпат на Блискиот Исток. Домаќин е пребогатиот Катар, кој не штедеше, а ниту ќе штеди за промоцијата на сопствената земја преку елитниот спорт. Проценките се дека досега се потрошени над 200 милиони евра за организацијата на Мундијалот. Катар покани и покрива трошоци за најмалку 700 новинари од целиот свет, безброј гости, спортски работници, официјални државни делегации...

Ракометот е само прв од спортовите кои отвораат врата во Катар, следат фудбалот и атлетиката, тенисот е одамна на Блискиот Исток, а крајната цел е добивање на организација на летни Олимписки игри. Со објектите кои се изградени и кои допрва ќе се градат, Доха е многу сериозен конкурент да добие организација и на ултимативно најголемиот спортски настан на земјата.

Но, ракометот е прв, тоа ќе биде тест за подготвеноста на домаќинот да се фати во костец со организацијата на голем и врвен светски спортски настан.

Ако анализираме што е досега сторено, организациски, промотивно и по прашањето за спортските објекти, без сомневање нè очекува врвен спортски спектакл и организатор кој се труди многу повеќе да остави добар впечаток.

ГЕРМАНИЈА И ИСЛАНД

Со 16 европски репрезентации овој мундијал ќе биде убедливо најсилниот досега. И овој пат на првенството ќе ги имаме Германија и Исланд, кои „уредно“ беа поразени во бараж натпреварите од Полска и БиХ. Местото го загуби Австралија. Тој потег на ИХФ е оценет како преседан, неспортски итн. И во добар дел со тоа се согласуваме. Но, да ја погледнеме и другата страна.

Австралија е редовен учесник на СП од 1999 година и е единствениот претставник на Океанија што играл на СП. Каков е нивниот ефект и дали за осумте мундијалски настапи успеаја да го подобрат нивото на ракомет во тој дел од светот?

Досега имаат одиграно 43 натпревари на СП и забележале 42 пораза. Единствената победа ја извојувале над Гренланд. Не сме заборавиле колку го критикувавме ИХФ во десетлетието кога Македонија редовно губеше во баражите од моќните Исланд, Унгарија, а Австралија развиваше ракометен туризам на мундијалите. Прашањето кое се поставуваше тогаш и сега е со што заслужила Австралија да има обезбедено место на СП?

Преседанот го гледаме во начинот на кој се одбра замената на Австралија. Потребен е милионскиот тв аудиториум на Германците за ракометот да добие на тежина пред олимпискиот комитет.

ОАЕ и Бахреин сами си ја запечатија судбината, но изборот да ги замени Саудиска Арабија, која го освои дури шестото место на првенството во Азија и притоа двапати е поразена од Кореја (вториот пат токму во битката за пласман), а на која ѝ е скратено правото да ги замени Бахреин и ОАЕ е нов преседан.

Дека почнаа некои нови „игри“ ќе сфатат многу бргу и другите. Следат квалификациите за ОИ, новиот начин на играње на квалификации за СП, а и помладиот брат (ЕХФ) веќе на мала врата ги „провлече“ за следната сезона „А“ и „Б“ групите во Лигата на шампионите.

Како и да е, на крајот на денот ја имаме „конечната“ листа на учесници, а кога на 15 јануари ќе се подигне завесата и ќе се заврти малата жолта топка ќе имаме можност да видиме дали нешто се сменило во светскиот поредок од претходното издание во Шпанија, во 2013 година.

Резултатите од големите натпреварувања во последната деценија велат дека полуфиналните дуели се резервирани за „големата четворка“, Франција, Шпанија, Данска и Хрватска, четири тима кои меѓудругото и на минатогодишното Европско првенство ги поделија медалите. Но, факт е и дека секогаш некој од страна повремено ќе се вмеша во борбата за одликувањата (Словенија на СП во Шпанија, Унгарија и Шведска на ОИ во Лондон, Србија, Исланд и Полска на претходните две ЕП...) Гледано од оваа перспектива, не многу пред почетокот на самото натпреварување, се чини, дека за изненадување ќе биде задолжен домаќинот, Катар.

ГОЛЕМА ЧЕТВОРКА

Франција, Данска, Шпанија и Хрватска владеат со светскиот ракомет веќе со години. Покрај краткотрајните епизоди на Полјаците, Србите и Исланѓаните, сè во последниот олимписки циклус се дели меѓу овие четири велесили.

Олимписката и европската круна се во рацете на Французите, Валеро Ривера ги врати Шпанците меѓу најдобрите на домашниот мундијал во 2013. Таму земаа злато, но и со Маноло Каденас се подготвени за борба за медал. Исто како и Данците чија реакција и трансформација по заминувањето на Улрик Вилбек и доаѓањето на Гудмундур Гудмундсон ќе имаме можност да ја видиме.

И меѓу најдобрите четири постои поделба на најдобри од најдобрите. Така, француската казнена експедиција во финалето на Евро 2014 во Данска минатиот јануари ги натера сите што зборуваа за крајот на една ера да ги „изедат“ своите ракометни дипломи. Најголемата генерација во историјата на ракометот, предводена од Никола Карабатиќ може да „киксне“, но кога игра како што знае – тогаш е златна. Ако некој би ги симнал од тронот во иднина тоа би била Данска, која има голем број играчи што веќе се светска класа, а пред нив е и долга кариера, како што се Микел Хансен, Никлас Ландин и Расмус Лауге.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...