Денеска на терен е македонската спортска гордост

Денеска македонската репрезентација отвора нова страница во историјата. По трет пат на СП, со највисоко поставена летвичка за тоа што треба да постигне. Ова е последната шанса на оваа генерација, тим предводен од Лазаров и Мојсоски да обезбеди настап на Олимписки игри. Тоа се прави преку квалификации, за тоа е потребно најмалку седмо место, а за тоа пласман во 1/4 финалето.

Групата во која играме навидум е лесна, вкрстуваме со иста таква група, но ова е само условно, поради звучноста на имињата на репрезентациите од другите групи. Пласманот во следната рунда, уште помалку во 1/4 финалето нема да биде ниту лесна, ниту едноставна задача. Напротив.

Првенството за Македонија почнува денеска со настап во „Лусаил“, објектот кој вчера на одличен начин ја отвори „Пустинската авантура“. Прв противник е Тунис, репрезентација со која на официјалните натпревари имаме негативен скор (0:2), но ова е шанса да се сменат работите.

ДЕНЕСКА КОНЕЧЕН СПИСОК

Селекторот на македонската репрезентација, Ивица Обрван, денеска ќе мора да го соопшти списокот на играчи со кои ќе го почне првенството. Во Доха се присутни 18, на терен ќе истрчаат 16 ракометари. Селекторот најави дека еден голман ќе остане на трибините, а кој ќе му прави друштво, дополнително ќе биде решено.

Варијантата да се тактизира со составот веќе не е дозволена.

„Можам само да кажам дека првенството ќе го почнеме со два голмана. Кој ќе биде последниот играч што ќе биде резерва, ќе одлучам на денот на натпреварот“, изјави Обрван.

Тоа само ги потврдува претпоставките дека Никола Митревски ќе биде резерва, а втората резерва од досега виденото би требало да биде Ванчо Димовски. Но, да не трчаме и да бидеме селектори пред селекторот. Оставаме до последно да видиме каква ќе биде неговата одлука.

ВУГРИНЕЦ: СПРЕМНИ КАКО ПУШКА

Прв голем настап за Ренато Вугринец во македонски дрес ќе биде мундијалот во Доха. Ангажиран е како врвно засилување кое треба во прв момент да го одмори и одмени Лазаров,а доколку противниците како што милуваат да ја кројат тактиката испратат специјални чувари - тепачи да го спречуваат нашиот најдобар стрелец, тогаш Обрван има варијанта и со два левораки бека да ја комбинира тактиката.

„Тунис е репрезентација што сака да игра со многу физички контакти, но мислам дека ние сме подготвени за таква игра, имаме доволно искуство и верувам дека дека ќе се снајдеме. Од денеска веќе не важат никакви прогнози, сега треба на дело да се покаже сè. Искрено, едвај чекам да почнеме, не само јас, целиот тим. Спремни сме како пушка“, изјави популарниот македонски репрезентативец.

РАКОМЕТ ИЛИ КАФАНСКА ТЕПАЧКА

Тунис е репрезентација која е препознатлива по грубата игра. Не дека немаат интелигентни ракометари, туку повеќе сакаат работите да ги решаваат на сила. Епски во поглед на жестокост и грубост се нивните дуели од ОИ Лондон, посебно тој со селекцијата на Хрватска. Ги предводи Сеад Хасанефендиќ, искусен лисец кој нема рок на траење и речиси секаде каде што работел (вклучително со Тунис) има забележителни резултати. Тој ги знае сите слабости на македонскиот тим, како и предностите на нашиот состав. На што ќе се решат денеска, на ракомет или кафанска тепачка останува да видиме.

АНГЕЛОВ: МОРА ДА ПОБЕДИМЕ ЗА ВОЗОТ ДА ТРГНЕ

Петар Ангелов беше на прагот да ја заврши репрезентативната кариера, но одлучи да ја стави во мирување таа одлука.

„Мораме да победиме за возот да тргне. Овој натпревар може да ни биде најважниот во првиот дел. Да ги победиме нив, по тоа играме со Иран и ако имаме две победи, сè ќе изгледа многу поинаку. Спремни сме за ова СП, сега е на ред да излеземе на терен и да си обезбедиме предност и добри шанси за остварување на нашата цел“, изјави голманот на скопски Вардар.

ХАСАНЕФЕНДИЌ: ПОБЕДА ЗА ПСИХОЛОШКА ПРЕДНОСТ

Најсилното оружје на Тунис на денешниот натпревар ќе биде познатиот стручњак од „ју-просторите“, Сеад Хасанефендиќ. Се работи за препреден лисец кому балканскиот ракомет не му е енигма и има многу искуство од вакви битки.

„Првиот натпревар е многу битен, не само резултатски туку и за самодовербата на екипата. Посебно што првиот натпревар го играме со вас, со Македонија која ја сметам за директен ривал за второто место. Екипата која ќе победи, ќе има голема предност и големи шанси за остварување на целта, а тоа е висок пласман во групата. Но, од друга страна се работи за израмнети екипи и натаму стојам на ставот дека освен можеби Хрватска, ниту една друга репрезентација нема да победи на сите други дуели од групата“, изјави Хасанефендиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...