Иран ни ги отвора портите од 1/8 финалето

По импресивниот старт на Македонија на првенството, веднаш следи противник кого сите екипите од групата „Б“ го гледаа(т) како тим од кого мораат да се земат бодови - Иран.

Го гледавме Иран како игра и можеме да констатираме дека за „сериозна“ Македонија не би требало да биде проблем. Тие вчера го претрпеа првиот пораз, а подобар тим од нив беше селекцијата на БиХ... но не се дадоа без борба, напротив.

На премиерниот натпревар од групата „Б“ се сретнаа двата дебитанта, БиХ во улога на фаворит, предводена од Тормановиќ и Терзиќ и селекцијата на Иран, нашиот денешен противник.

Како дебитант кој игра под големи импресии изгледаше само селекцијата на БиХ, посебно во првиот дел. Колективноста, тоа што треба да е нивното најсилно оружје, го снема. Играа индивидуално, неорганизирано и покажаа низа слабости. Иран изгледа како сосема добар тим за „собирање“ бодови. Играат тип на ракомет што би требало да ни одговара, немаат брза транзиција ниту екстра шутери и одбрана која знае што прави би требало брзо да ги исфрли од ритам и да ги принуди да грешат.

Но, рековме ракометарите на БиХ не го надминаа притисокот. Напротив, со секоја грешка им даваа и мотив и сила на Иранците и на општо изненадување на крајот на првиот дел Иран напаѓаше за плус пет гола разлика! Пропушти две шанси за тоа и на одмор се замина со резултат 16:12.

Со серија од 7:0 од стартот на вториот дел БиХ ги врати работите таму каде што и требаше да бидат. Иран беше целосно исфрлен од ритам, десет минути не успеа да постигне гол, а до таа мерка завладеа паника што дури и не успеа да изведе седмерец!

По тоа се разви битка многу поквалитетна и со повеќе жар од таа што ја гледавме во првото полувреме, а контролата ја имаше БиХ, а во финишот на натпреварот стигнаа и до плус 5 (27:22) и го решија прашањето на победникот.

МАЧЕК: ЗА МАКЕДОНИЈА ЌЕ МИСЛАМ ОД ПОЛНОЌ

Да се биде селектор на репрезентација која водела четири гола на полувреме, а загубила пет не е нималку примамлива работа. Во таква ситуација е селекторот Борут Мачек.

„Тоа е ... кратко прокоментира за натпреварот со Тунис, а на прашањето за Македонија не сакаше да коментира.

„За Македонија не можам да мислам ни да зборувам во овој момент. Ќе размислувам за вас од полноќ, дотогаш мора многу други работи да средам„, изјави Мачек.

ИВИЦА ОБРВАН

Селекторот на македонската репрезентација, пак, беше краток по прашањето за дуелот со Иран.

„Иран е репрезентација што не смее да биде потценета. Одиграа добро полувреме со БиХ и покажаа дека можат да бидат опасен противник. Второто полувреме не го гледав, не видов што се случи ниту со нив ниту со БиХ.

Мораме да останеме на земја, не смее да нè фати еуфорија. Славење да, но кога знаеш дека веќе следниот ден имаше напревар, мораш да бидеше внимателен.

Продолжуваат проблемите со термините за тренинг, за денеска ни дадоа термин од 9 часот наутро и моравме да го откажеме. Тоа е премногу рано за нас и ќе бараме друг начин да се регенерираме“, изјави селекторот на Македонија, Ивица Обрван.

РАСПРОДАДЕНА, А ПРАЗНА САЛА

Секоја репрезентација на Мундијалот има своја група навивачи благодарение во прв ред на великодушноста на организаторот, но вториот ден на Мундијалот почна со околу 500-тини гледачи во Лусаил, сала што има капацитет од над 15.000. Интересен податок е што билети за вториот ден во Лусаил не можеа да се најдат во продажба. Секаде стоеше дека е продадено, но публика во салата, сеедно немаше. Слично се случуваше и во Ал Сад салата за која информацијата од организаторот на ден пред првенството беше дека е распродадено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...