Два од два за Македонија на ракометниот Мундијал

Доха, 17 јануари 2015 (МИА) - Втора победа на вториот настап забележаа македонските ракометари на Светското првенство во Катар, откако вечерва во Доха беа поуспешни од дебитантот Иран со 33:31 и со максимални четири бода водат на табелата во Б групата.



Селекторот Ивица Обрван се одлучи шанса во почетниот состав да има даде на оние ракометари кои вчера воопшто или само малку настапија на дуелот со Тунис. „Резервистите“ одиграа добро во нападот, а сигурност во играта донесе капитенот Кире Лазаров. Со неговото влегување во втората половина од првото полувреме, Македонија го презеде водството кое по 30 минути изнесуваше 19:17.



Оваа предност Македонија ја одржуваше до средината на второто полувреме кога со серија од 3:0 поведе со пет разлика (27:22). Иранците не се предаваа и во 49.минута повторно дојдоа на минус два (26:28), а во следната минута намалија и на еден гол разлика. Следуваа минути на Лазаров и Недановски за сигурно водство од 32:28 во 56.минута, недостижно за иранскиот национален тим.

Најефикасен во македонскиот состав беше Лазаров со девет погодоци, Немања Прибак имаше пет реализации, Владо Недановски даде четири голови.


На вториот натпревар од 2.коло во Б групата Тунис – Хрватска 25:28.

Од 19 часот играат Босна и Херцеговина и Австрија.

Табела: Македонија 4 бодови, Хрватска 4, Босна и Херцеговина 2 (натпревар помалку), Австрија 0 (натпревар помалку), Иран 0, Тунис 0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...