Обрван задоволен од „резервите“ и од освоените четири бода

Доха, 17 јануари 2014 (МИА) - Македонскиот селектор Ивица Обрван по денешниот меч со Иран на СП во Катар изјави дека е задоволен од сработеното на првите два натпревара и оти максималните четири бода се причина повеќе за радост отколку осцилациите на дуелот со Иранците. Тој ги пофали дел од играчите кои го почнаа мечот за добрата игра, оценувајќи дека на нив може да се смета и во натпреварите што следуваат.

- Честитки за селекцијата на Иран за добриот меч, тие се прикажаа во многу добро светло. Кај нас се виде заморот и психолошката истоштеност од првиот натпревар, а желба ми беше да ги распоредам силите и минутажа да добијат сите ракометари. Најважно од се е што победивме и одиме во следниот круг со четири бода. Секако, не ми беше планот „резервите“ да ги играат сите 60 минути, задоволен сум од она што го прикажаа на теренот. Нормално беше во клучните моменти да играат најдобрите, сепак, за мене најважно е што ја остваривме целта, а тоа беше максимално четири бода по првите две кола, изјави Обрван на прес-конференцијата по натпреварот.

Капитенот Кире Лазаров не е премногу задоволен по денешниот втор натпревар на Македонија на Светското првенство (СП), без оглед на победата против Иран. Смета дека биле потрошени повеќе сили од планираното.

- Не сум задоволен, ниту лично, ниту екипно како настапивме на денешниот натпревар. Наместо да се одмориме, ние се потрошивме повеќе од планираното. Што се однесува до стартната постава, можам да кажам дека кај нас нема прв или втор тим. Такво нешто не постои во денешниот ракомет. Јас не сум лут што почнав од клупата, едноставно ние имаме стручен штаб, кој ја сноси одговорноста околу крајниот резултат. Но, сите ние имаме заедничка цел и идеја, и правиме сѐ истата да стане реалност. На секој играч од клупата му значи минутажата на денешниот натпревар, бидејќи со тоа истовремено добиваме подолга клупа. Сега не очекува БиХ, која ќе сака позитивен резултат. Сигурен сум дека ќе се поправиме и добро ќе го анализираме противникот, изјави Лазаров по попладневната пресметка со Иран.

Македонската репрезентација денеска во вториот натпревар од мундијалот во Катар го совлада Иран со 33:31, а вчера на премиерниот настап беше подобра од Тунис со 33:25.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...