Нов пораз на ракометарите на Металург од Загреб

Ракометарите на Металург по втор пат за три дена се поразени од хрватската екипа ППД Загреб.

Откако во саботата металурзите загубија во дуелот од Лигата на шампиони, вчера попладне тимот од Автокоманда, е поразен од Загреб во меч од регионалната СЕХА лига.

Овој пат избраниците на Лино Червар, загубија од ППД Загреб со 23:20 во средбата од 15.коло, одиграна попладнево во СЦ „Борис Трајковски’’.

Уште по првото полувреме беше јасно дека подмладениот состав на Металург нема што да бара во дуелот со силната хрватска екипа која по 30-минути игра имаше предност од девет голови (5:14). Искусната гостинска екипа, рутинирано го одигра и вториот дел, па до десеттата победа во СЕХА конкуренцијата стигна со конечни 23:20.

Во победничката екипа најефикасен беше Стипе Мандалиниќ со 4 постигнати голови, а исто толку за македонскиот шампион постигна Марко Неловски.

Следен натпревар за тимот на Металург е гостувањето во Белорусија кај екипата на Мешков Брест на 1 март.

Вториот македонски претставник во СЕХА лигата, Вардар в четврток гостува кај Раднички, а во сабота (28 февруари) оди на мегдан кај Татран Прешов во Словачка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...