Чориќ го „шокираше“ Мареј

Хрватскиот тинејџер Борна Чориќ го направи најголемиот резултат во својата кариера откако со 6:1/6:3 го елиминираше светскиот број 3, Енди Мареј во четвртфиналето на Дубаи шампионатот.

Како 84. на АТП листата, Чориќ е најмладиот играч во топ 100, и откако го победи Рафа Надал на минатогодишниот Швајцарски опен, овојпат беше уште поимпресивен со компактен, професионален тенис за свое второ АТП финале.
Во првиот сет имаше еден поен од 41 удари кој го доби Мареј, но тоа беше најдоброто од поранешниот шампион од Вимблдон. 18-годишниот Чориќ направи три брејка освојувајќи 31 поени, додека Мареј направи 27 неизнудени грешки.

„Ова дефинитивно е една од моите најголеми победи. Надал, Гулбис и Мареј се најдобрите три победи. Против Енди не можеш да имаш план бидејќи тој нема некои слаби точки на кои можеш да играш. Сега против Федерер немам што да загубам. Добро е што откако загубив во второто коло на квалификациите, сега имам шанса да играм против Федерер“, вели Чориќ, кој во главната ждрепка влезе како „среќен губитник“, по откажување на друг тенисер.
„Награда“ за тинејџерот ќе биде дуел со Роџер Федерер, кој ја продолжи добрата серија против Ришар Гаске, пред Французинот да се повлече од четвртфиналето. Актуелниот шампион имаше 20 поени без одговор во победата во средата над Фернандо Вердаско, а водеше и со 6:1 пред Гаске да се повлече.


Ѓоковиќ апсолутно немаше никаков проблем со турскиот број 1, Марсел Илхан победувајќи го со 6:1/6:1. Во полуфиналето Србинот ќе се судри со Томаш Бердих, кој со малку мака со 6:3/4:6/6:2 го победи Украинецот Сергиј Стаховски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...