Вардар ја забележа 14-тата победа во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар ја остварија четиринаесеттата победа во регионалната СЕХА лига.

На натпреварот од 17.коло, одигран попладнево во Прешов, Словачка, македонскиот вице-шампион забележа победа против Татран со 34:29.

Иако во првото полувреме домашниот тим имаше фуриозен почеток и предност од 6:0 по само 8-минути игра, сепак црвено-црните успеаја да ја наметнат својата игра и на паузата да заминат со нерешен резултат 12:12.

Во вториот дел по само 10-минути игра вардарци стигнаа и до 5 голови предност (20:15) кои рутинирано ги одржуваа за конечен триумф од 34:29.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Добривоје Марковиќ со 8 голови, додека Стојанче Стоилов и Сергеј Горбок постигна по 6 гола.

Вториот македонски претставник во СЕХА лигата екипата на Металург утре гостува во Белорусија, кај Мешков Брест во дуел од 9.коло, кој ќе стартува во терминот од 17 часот.

За утре од 19 часот закажан е и дерби дуел, меѓу треторангираниот ППД Загреб и досега непоразениот Вестпрем.

Табела: Вестпрем 48 бода, Вардар 42, Загреб 30, Татран Прешов 30, Мешков Брест 27, Металург 15, Нексе 13, Војводина 10, Борац 7 и Раднички 7.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...