Атман ќе „пука“ за Вардар

Рускиот репрезентативец Павел Атман е последното големо засилување, кое од следната сезона ќе го гледаме во дресот на Вардар.

„Македонски спорт“ неофицијално дознава дека поранешниот член на Металург, кој во моментов настапува за Ал Ахли во ОАЕ, ќе им се приклучи на своите репрезентативни соиграчи Тимур Дибиров, Сергеј Хорбок, Даниел Шишкарев во „црвено-црниот“ дрес.



Атман во вардаровиот табор доаѓа како решение на позицијата централен бек, на местото на Немања Прибак, кој се одлучи да замине во редовите на турски Бешикташ, откако раководството на клубот му се заблагодари за соработката.

Како првична алтернатива за плејмејкерското место беше уште еден екс-металургов играч, Лука Циндриќ. Но, младиот 21-годишниот бек нема чисти документи, односно се уште се води како ракометар на тимот од Автокоманда, па така првите луѓе на Вардар се одлучија за поискусно решение.

Лука Циндриќ и Павел Атман, истовремено го напуштија Металург, на почетокот на ноември минатата година, но за разлика од Русинот, кој од РФМ доби раскин на договорот, Циндриќ се покажа дека не ги исполнува условите за прекин на договорот со македонскиот првак, па така неговиот случај сега го разгледува ЕХФ.

Павел Атман е последното засилување по Дејан Манасков, Александар Деревен и Хорхе Македа, кои од следната година ќе ги гледаме како членови на „црвено-црниот“ табор.

Ако некој се посомнева дека руската колонија во Вардар ќе се намали по најавеното заминување на Алексеј Растворцев и Михаил Чипурин, последните трансфери ги побиваат таквите размислувања.



Првиот човек на клубот, Сергеј Самсоненко, пред еден месец ни потврди дека комплетниот тим на Вардар за следната сезона веќе е познат и договорен, но дали Атман ќе биде последното играчко освежување ќе знаеме наскоро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...