Шминката ве убива?!

Осумдесет и еден отсто од жените секојдневно користат шминка, но малкумина од нив знаат за вистинската штетност на производите за разубавување, покажува последното научно истражување. Иако шминката би требало да направи да изгледате помладо, поубаво, поздраво, по привлечно, се чини дека го прави токму спротивното.

Во новата книга на Британката Кејт Лок се открива што навистина се наоѓа во шишенцата и кутиите со шминка, кои  штетни агенси ги содржат и како тие влијаат врз човековиот организам. Некои од нив предизвикуваат рак, некои влијаат на хормоните во телото, а пак некои создаваат проблеми со репродуктивните органи. Затоа пред купување на шминка обратете посебно внимание на материите од кои се изработени и потрудете се да ги избегнете оние шминки кои ги содржат следните супстанци.

Фталати

Што се тие? – Претежно се користат при изработка на пластични производи со цел да им дадат поголема флексибилност, додека во козметичката индустрија ги користи за стабилизирање на аромата која настанува при мешање на различни супстанци. Се користат во деодорансите, колонските води за бричење, парфемите, во производите за заштита на косата и на кожата.

Како влијаат врз вашето тело? - Неколку студии покажале дека влијаат врз појавата на астма и алергија кај жените и тинејџерките. Негативно влијаат и врз плодноста кај жените на возраст од 20 до 40 години, како и врз нивните хормони.

Формалдехиди

Што се тие? – Бидејќи лесно се мешаат со вода и служат за намалување на количината на бактерии и на габи, честопати се користат во козметичките производи кои функционираат на база на вода, односно кај шампоните, геловите за туширање и течните сапуни.

Како влијаат врз вашето тело? – Можат да предизвикаат алергија, а некои луѓе се жалат дека формалдехидите им предизвикале астма и тешки главоболки. Сепак, најзагрижувачки е фактот што се вброени во групата на канцерогени материи, поради што се забранети во повеќе земји во светот.

Парабени

Што се тие? – Синтетичка хемикалија која се користи како конзерванс која штити од бактерии и габи. Честопати е означен како метилпарабен, етилпарабен, бутилпарабен, пробилпарабен, исобуилпарабен, бензил парабен.

Што му прави на нашето тело? – Познато е дека ги попречуваат некои хормонски процеси. Над 12 истражувања покажале дека оваа материја во телото се однесува како естроген, а докажано е дека предизвикува рак на дојка.

Пестициди

Што се тие? – Позната хемикалија која најчесто се наоѓа во земјоделската индустрија и служи за производство на сирови материјали кои подоцна се користат за изработка на креми или шминка.

Што му прави на нашето тело? – Се уште не е утврдено колкава количина на пестициди стига до кожата благодарение на козметиката, но јачината на пестицидите не смее да се сфати несериозно. Тие можат да предизвикаат рак, абнормалности кај фетусот, намалување на плодноста кај мажите, како и Паркинсова болест.

(Д.Т)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малиот Трпе се враќа од школо и му се фали на татко му:
- Тато, денеска за малку ќе добиев петка!
- Како тоа за малку?
- Па така. Доби детето што седеше до мене.

* * *
Оди...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
10 п.н.е.- Роден е римскиот цар и историчар...
1502.- Италијанскиот морепловец Христофер...
1744.- Роден е Жан батист ламарк, француски...
1798.- Во заливот Абукир, во Средоземното Море,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби