Сексот со шефот за време на новогодишните забави може да ви обезбеди напредок во кариерата, покажа последното истражување.
За време на новогодишните забави на работните организации, луѓето се поопуштени, повесели и пораскомотени, а за сето тоа помагаат и пијачките кои фрчат на сите страни. Ова е моментот кој треба да го искористите доколку се одлучите за „напредување“ преку кревет.
Над 67 отсто од анкетираните изјавиле дека би ги искористиле новогодишните забави на работа за да легнат некој од колегите. Четириесет и осум отсто изјавиле дека после забавата легнале со колега, а 10 отсто од испитаниците изјавиле дека спиеле со шефот. Триесет и три отсто од оние кои спиеле со некој од работното место изјавиле дека воопшто не жалеле за направеното, а дури 12 отсто после „излетот“ добиле унапредување.

Што се однесува до местото каде што имале секс, 30 отсто од испитаниците не можеле да издржат да стигнат дома, па затоа „уживале“ во нивната канцеларија.
Истражувањето исто така покажа дека портирот има најголеми шанси да се „омрси“ за време на новогодишните забави и тоа со некоја колешка од сметководство или финансии.

Четвртина од анкетираните изјавиле дека би побарале зголемување на платата од шефот токму за време на забавата, додека 30 отсто изјавиле дека биле злобни кон колегите.