Давор Панчевски познат кај нас како Dave’s Kitchen не застанува со својата љубов кон работата. Неодамна не изненади со неговиот трет готвач “Брзо и Забавно Готвење” кое е издадено на македонски и англиски јазик во две посебни изданија.

Со огромно задоволство Давор ве поканува на официјалната промоција на најновата кулинарска книга „Брзо и забавно готвење“, на еден од најпознатите автори на готвачи кај нас. Настанот ќе се одржи во сабота, 10 мај, со почеток во 12:00 часот, на добро познатата локација Веро Центар (Веро Џамбо).
Оваа книга е посветена на сите љубители на готвењето кои сакаат да уживаат во подготовката на вкусни, лесни и брзи јадења, кои го збогатуваат секојдневието со рецепти кои се подготвуваат за помалку од 35 минути. Авторот во ова дело обедини 100 нови рецепти со кои се докажува дека готвењето не мора да биде комплицирано за да биде неверојатно вкусно.
Што ве очекува на промоцијата?

● Ќе имате можност да дегустирате специјално подготвени јадења од рецептите во книгата, кои сигурно ќе ве воодушеват со својот вкус.
● На лице место ќе можете да ја купите книгата, совршена за вашата кујна или како подарок за саканите.
● Ќе се дружите и запознаете со авторот, кој со задоволство ќе разговара со вас, ќе разменува совети и ќе потпишува примероци со лична посвета.
● Ќе уживате во прекрасна атмосфера исполнета со љубов и вкусни рецепти.
Зошто да не го пропуштите овој настан? Бидејќи ова не е само промоција на книга, туку и вистинско кулинарско доживување!
Ќе добиете инспирација за брзо и креативно готвење, ќе запознаете луѓе со слични интереси и ќе бидете дел од едно уникатно случување кое ќе го паметите долго време.
Дојдете во Веро Центар (Веро Џамбо) на 10 мај во 12 часот! Не заборавајте да го донесете вашето добро расположение, омилени луѓе и празен стомак – Давор ќе се погрижи за останатото!