МЕТ гала 2025: Највпечатливи моменти од црвениот тепих

МЕТ гала 2025 вечерта што се одржа Метрополитен музејот на уметноста во Њујорк, овој пат беше со тема „Superfine: Tailoring Black Style“, инспирирана од книгата на Моника Л. Милер.

Обично оваа гала вечер е резервирана за најразлични модни експерименти, кога ѕвездите може да се појават во своите најсмели и авангардни изданија. Сепак, оваа година недостигаше ѕвездената моќ и гламурот на претходните години. Освен бледите креации, на црвениот тепих, недостигаа многу од редовите звучни имиња како Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, Тејлор Свифт, Лејди Гага, Џенифер Лопез, Аријана Гранде и Кејти Пери.

Темата на вечерта, понуди можност за изгледи кои ја поместуваат модната граница, но црвениот тепих беше преплавен со здодевни комбинации, каде што повеќето ѕвезди играа на сигурно и се вклопија во сивата и црната маса.



Зендеја, Ким Кардашијан, Мајли Сајрус и Џиџи Хадид добија поени за стил за своите беспрекорни комбинации, носејќи малку гламур на овој моден настан.

Ријана ја искористи можноста да ја потврди својата трета бременост, додека ѕвездите како Кендал Џенер и Хејли Бибер не успеаја воопшто да се истакнат.



Едно звучно име кое ги подели мислењата, несомнено беше Хали Бери, која зачекори на црвениот тепих во мошне ризична креација со потписот дизајнерот LaQuan Smith — проѕирен фустан со вертикални црни линии, под кој не носеше никаква долна облека.

За некои модни критичари, ова беше тотално промашување, а за други смел и дрзок моден обид да се долови темата на вечерта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби