ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНА ТРПЕЗА

Четири рецепти за незаборавен Велигден

Велигден е идеалното време за да им приготвите нешто ново и вкусно на своите најмили.

Од желе јајца, преку лисната погача и јагнешки ребра, до превкусна чоколадна торта, ова се четирите јадења кои треба да се најдат на вашата велигденска трпеза

Желе јајца

Еве една интересна идеја за тоа како да ги искористите лушпите од јајцата кои ќе ги употребите за правење на велигденските јадења. Наместо да го скршите јајцето на класичен начин направете дупка на долниот дел преку која ќе ја истурите целата содржина од него.

За овој рецепт ќе ви бидат потребни:

  • 10 лушпи
  • Пченка
  • Грашок
  • Исечкана салама, колбас или друг тип на преработено месо
  • Исечкана црвена пиперка
  • Малку исечкан магдонос
  • 15 гр желатин
  • 1 л жешка супа

Начин на подготовка:

Најпрвин во јајцата ставете магдонос, потоа пиперка, па салама, пченка и на крај грашок. Желатинот растворете го со жешката супа и со оваа течност наполнете ги лушпите до врв и оставете ги јајцата во фрижидер 4 часа. Откако ќе помине ова време може да пристапите кон лупење и сервирање.

Лисната погача

Потребни состојки за овој рецепт се:

  • 100 мл топла вода
  • 150 мл топло млеко
  • 20 гр квасец
  • Околу 500 грама брашно
  • 6 лажици масло
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 јајце

За премачкување:

  • Жолчка и малку млеко
  • Сусам

Начин на подготовка:

Замесувате тесто од сите наведени состојки и го оставате да нарасне двојно. Потоа го поделувате на 4 дела и секој дел го развлекувате во мини кори кои ги редите една врз друга така што ставате маргарин помеѓу нив. Во следната фаза расукувате една кора која што ја сечете како што е прикажано на сликата.

Четирите ленти ги мотате во ролна, додека од триаголниците правите кифлички и ги редите во подмачкан плех повторно како што прикажано на сликата. Погачата ја оставете да отстои 15 минути, а потоа ја премачкувате со млеко и жолчка, наросувате сусам и печете во рерна загреана 180 степени околу половина час.

Јагнешки ребра во маринада од мед и зачини

Потребни состојки:

  • 1,5 кг јагнешки ребра
  • 2 главици кромид
  • 2 лажици мелен лук
  • 3 лажици мед
  • 3 лажици маслиново масло
  • ¼ лажица соја сос
  • ¼ лажица лимонов сок
  • 1 лажица цимет, вино,бибер и сол

Начин на подготовка:

Во мал сад измешајте ги сите состојки. Јагнешките ребра ставете ги во огноотпорна тава во која планирате да ги печете и прелијте ги со мешавината. Ставете ги во фрижидер и оставете да попримат од маринадата час време. Потоа преминете на печење во рерна загреана на 200 степени. Печете околу 40 минути и послужете со зеленчук.

Чоколадна гнездо торта

Потребни состојки за оваа торта се:

  • 100 гр млечно чоколадо
  • 300 мл хопла
  • 200 гр крем сирење
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 175 гр мини чоколадни јајца

За основата:

  • 6 белки
  • 180 грама шеќер
  • 165 гр шеќер во прав
  • 1 лажица какао

Начин на подготовка:

Пред да започнете да ги матите состојките за основата, земете лист хартија за печење и на неа исцртајте круг со дијаметар од 20 см. Потоа свртете ја хартијата од обратната страна, за линијата од кругот да не се исцрта на основата. Загрејте ја рерната на 120 степени.

Со помош на електрична маталка изматете ги белките, шеќерот и прстофат сол додека не добиете убава пена која прави остри врвови на маталките од миксерот. Откако ќе го направите тоа додавајте го шеќерот во прав и полека мешајте додека не добиете изедначена смеса. Матете уште 3 минути, за да на крај го додадете какаото.

Оваа смеса истурете ја на хартијата за печење така што ќе формирате гнездо со дупка во средната. Печете час до час и половина или додека целувката не започна да пука. Исклучете ја рерната и оставете ја подотворена додека гнездото убаво не се излади.

Во меѓувреме од чоколадото направете украси така што со помош на нож ќе изделкате мали бранови.

Во друг сад со миксер изматете ги хоплата, сирењето и шеќерот во прав. Потоа кремот ставете го во средината на изладеното гнездо и украсете со мини јајцата и чоколадните декорации. Доколку сакате за крај може да наросите малку шеќер во прав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби