За сите оние мигови кога немате време за приготвување комплицирани рецепти, а сакате нешто благо, Dave’s Kitchen ви препорачува да го испробате овој рецепт.

Потребни состојки:
- 2 пудинга од кокос
- 700 мл. млеко
- 4 лажици шеќер
- 1 лажица салеп
- 250 гр путер
- 50 гр. шеќер во прав
- 600 гр. бисквити
- 200 мл. млеко за потопување на бисквитите
- 2 кесички за шлаг
- 250 мл. млеко
Начин на подготовка:
Во тенџере на оган ставете половина од млекото да се згрее. Во другата половина промешајте ги пудинзите, салепот и шеќерот. Претурете ја смесата во топлото млеко и сварете го пудингот. Кога ќе се згусне тргнете од оган и покријте со хартија за свежа храна за да не фати кора. Кога комплетно ќе се излади додадете го путерот и шеќерот во прав и матете со миксер додека не се изедначи целата смеса.
Обложете со хартија за свежа храна, округло тавче на механизам и земете бисквита по бисквита потопете ја во млеко и нанесете од филот. Наредете ги бисквитите исправени една до друга пополнувајќи го целото тавче. Оставете да се стегне и премачкајте ја целата торта со изматениот шлаг. Декорирајте со мелени бисквити или ореви.
Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.