Храна богата со дигестивни ензими

Дигестивните ензими природно се наоѓаат во телото и помагаат за варење на храната, за важните хранливи состојки од неа правилно да се искористат.

Доколку телото не создава доволно одредени такви ензими (на пример, оние кои се неопходни за разградување на лактозата од млечните производи), тоа може да го забави дигестивниот процес и да создаде симптоми како гас, подуеност или дијареја.

Разни видови на храна ги содржат овие важни ензими, од кои повеќето е најдобро да се консумираат сурови за да се максимизира нивниот ефект. Многу од ензимите се многу чувствителни и можат да се оштетат со хемиски или температурни промени.

1) Ананас



Ананасот содржи бромелаин, мешавина од ензими кои помагаат за варење на протеинот.

2) Авокадо

Авокадото содржи липаза, ензим неопходен за метаболизмот и варење на мастите.

3) Банана

Најпознати како одличен извор на калиум, бананите се извор и на ензими како амилаза и малтаза. Амилазата помага во разградување на комплексните јаглехидрати, додека малтазата за шеќерот од храната богата со јаглехидрати – како што се зеленчукот и скробните зрна.

4) Манго

И мангото како и бананите содржи амилаза.

5) Папаја



Во папајата се наоѓа ензимот папаин, кој помага за разградување на протеинот. Бидејќи топлината го уништува папаинот, папајата мора да се консумира сурова за максимален дигестивен ефект.

6) Непроцесиран мед

Медот ги содржи дигестивните ензими диастаза, инвертаза и протеаза кои помагаат за разградување на скробот, шеќерите и протеините. Кога медот е процесиран, тој најчесто е загреван при тој процес, а тоа ги уништува корисните ензими.

7) Кисела зелка

Благодарение на процесот на ферментација, киселата зелка е одличен извор на многу дигестивни ензими. Доколку ја купувате од супермаркет, внимавајте таа да е правена со вода и сол, а не со оцет, бидејќи тој ги оштетува ензимите.

8) Ѓумбир

Не само што ѓумбирот содржи зингибаин кој му помага на телото да го свари протеинот, тој помага и за зголемување на продукцијата на дигестивни ензими во телото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби