Dave’s Kitchen: Чоколадна торта со крем сирење и кокос

Оваа чоколадна торта освен тоа што има одличен вкус, има и одлична презентација.

Потребни состојки:

За топчињата од крем сирење:

  • 250 гр крем сирење
  • 50 гр шеќер во прав
  • 3 големи лажици густин
  • 50 гр кокос
  • 2 жолчки

За тестото:

  • 2 големи лажици брашно
  • 6 белки
  • 4 жолчки
  • 30 гр шеќер во прав
  • 2 големи лажици густин
  • 100 гр растопено чоколадо
  • 1 мало лажичка прашок за печиво
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • Прстофат сол

За глазурата:

  • 100 г чоколадо за готвење
  • 3 големи лажици кисела павлака

Начин на подготовка:

Во длабок сад најпрво подгответе ги топчињата од крем сирење. Промешајте ги сите состојки заедно и со помош на алатка за сладолед оформете топчиња и оставете ги да се стегнат во ладилник околу 30 минути.

Во длабок сад изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата додека не ја променат бојата (бледо жолта). Додајте го растопеното чоколадо, брашното, густинот, прашокот за печиво и прстофат сол. Промешајте додека смесата не се изедначи. Во сад изматете ги белките во цврст снег и со помош на шпатула додајте ги во смесата со жолчките. Внимателно мешајте за да се задржи што повеќе воздух во смесата.

Во округло тавче на механизам наредете ги топчињата, па од горе прелијте ја смесата со белки и жолчки и печете во загреана рерна на 170 степени 35 минути. Во сад на пареа растопете го чоколадото и киселата павлака. Промешајте и полејте врз изладената торта.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби